Проектот наречен 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ може да се опсервира од повеќе аспекти: како афирматор на раководство на главните двигатели на македонскиот пазар и детален приказ на нивното раководство, индикатор за општата економска состојба во нашето поднебје, прирачник кој ја поедноставува комуникацијата помеѓу елитните фирми во Македонија кој исто така придонесува и за атрактивноста на македонскиот пазар во однос на странските инвеститори. Но, зад оваа идеја стои јасна мисија и амбиција за реализација на овој иновативен проект, пионир во оваа замисла и сѐ уште уникатен во својата издавачка форма, со визија која што датира уште од далечната 2003та година кога економистот Томе Талевски ангажира тим на млади и стручни кадри кои со напорна работа и со голем ентузијазам ќе успеат да ја реализираат оваа замисла која што со својата интригантност и уникатност веднаш наидува на поддршка од Министерството за економија и воспоставува соработка со Централниот регистар.
Првата едиција на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ со податоци за 2003та година.
Примарната идеја на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е да објави детален приказ во печатена форма на англиски и македонски јазик за финансиското и деловното работење на гигантите на македонскиот пазар, поделен во два сегменти: најголеми и најуспешни компании за чие рангирање се користат параметри како вкупен приход, раст на вкупен приход, добивка пред оданочување, раст на добивката пред оданочување и просечен број на вработени.
Веќе со четвртата публикација изданието ја збогатува својата содржина претставувајќи приказ на најголемите и најуспешните компании од регионот; Република Србија, Хрватска и Словенија, а со тоа 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ своевремено се афирмира како единствена публикација која нуди регионални информации од овој тип.
Јубилејното десетто издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ
Од 2014та година се реализира и дигиталниот проект - Клуб 200, платформа од информативен карактер за актуелните економски новости и бизнис работења, која што исто така нуди и можност за ексклузивно членство на компаниите рангирани на листата на најголеми и најуспешни што би претставувало поедноставување на размената на информациите, знаењата и искуствата помеѓу фирмите. Истата година 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како и CLUB 200 се здобиваат со статус на заштитна трговска марка.
200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ на автобусите на ЈСП
До 2021ва година, 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ остварува соработка со речиси сите фирми кои што формирале дел од ранг-листите во изминатите години, а во тек се и припремите за осумнаесеттото по ред издание. Оваа година се очекува 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ да го афирмира својот курикулум и бренд- статус со личен сертификат.
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт