Можете ли да ни дадете краток осврт на тековните бизнис операции и основните услуги кои ги нуди Кине и Нагел?
Како компанија која е присутна на македонскиот пазар од 1996 година, Кине и Нагел нуди квалитетни логистички услуги во камионскиот, авионскиот и бродскиот транспорт, но и комплексни мултимодални решенија базирани на потребите на клиентите. Преку соработката со Кине и Нагел Македонија, на клиентите им стои на располагање огромната глобална логистичка мрежа од околу 79.000 луѓе позиционирани во над 1.300 локации на светската мапа...
Со кои скоро остварени цели може да се пофали компанијата, на што сте особено горди што Кине и Нагел го има постигнато во последно време?
Како Национален менаџер, ми претставува задоволство што на последната анкета од ноември 2023та, македонската канцеларија на Kuehne+Nagel е прогласена за Great Place To Work®, вбројувајќи се во топ 50 канцеларии во светот со високо задоволство на вработените. Заедно со менаџерскиот тим, се трудиме на вработените да им овозможиме одлични услови за работа, континуирана професионална надградба и негување солидна корпоративната култура.
Горди сме што растеме континуирано и постепено, притоа задржувајќи висок квалитет на услуги, негувајќи партнерски однос со нашите клиенти преку разбирање на нивните логистички потреби и понудата на најсодветните решенија за нивниот бизнис.
Особено сме горди што можеме да понудиме еколошки прифатливи и одржливи транспортни решенија. Имено, од 2020 година секоја збирна бродска пратка транспортирана со Кине и Нагел е јаглеродно неутрална, а на барање на клиентите нудиме можности за неутрализирање на емисиите на CO2 и за целосните (контејнерски) бродски пратки, како и за камионските пратки. Значајно многу време и ресурси посветуваме на дигитализација на процесите, од што крајна придобивка имаат нашите клиенти преку побрза, поедноставна и поефикасна логистика. Што се однесува, пак, на бројот на клиенти, имаме значителен пазарен удел, но секако постои простор за раст и понатамошно ширење на нашето портфолио.

Логистичката индустрија е мошне чувствителна на глобалните гео-политички и економски процеси и секако Кине и Нагел не е отпорен на истите. Од Ковид-пандемијата наваму, индустријата се соочува со континуирани предизвици, особено што војната во Украина предизвика поместувања во скоро секоја индустриска гранка на светско ниво. Последните воени судири на Блискиот Исток, пак, имаат и директно влијание на светот на логистиката, со нарушувањата во рутите за бродски транспорт кои нормално се одвиваат низ Црвеното Море и Суецкиот Канал, бродските компании се приморани да користат алтернативна рута преку југот на африканскиот континент, што резултира со значително подолги транзитни времиња и високи трошоци за компаниите... На ваквите предизвици Kuehne+Nagel, како сериозен глобален бренд, одговори со креирање соодветни решенија, главно преку воспоставување нови собирни центри на Блискиот Исток, мулти-модални решенија (како на пр. “Sea-Air“ услугата), но и проширување на капацитетите во авионскиот транспорт од Азија кон Европа и кон САД соодветно...
Дали имате некои тековни проекти или иницијативи кои ја обликуваат насоката на компанијата?
Сериозни партнери сме на светските добавувачи од автомобилската индустрија кои во Македонија изградија дел од своите производствени капацитети. Тие успешни приказни траат повеќе од 15 години, меѓу другото, благодарение и на тоа што инвеститорите препознаваат дека Кине и Нагел Македонија е компанија со потребното знаење и квалитетни услуги кои овозможуваат нивниот ланец на набавки да функционира беспрекорно.
Од друга страна, веќе неколку години го поддржуваме увозот на лекови, вакцини и медицински помагала, како и извозот на Активни фармацевтски состојки (API) со нашиот Авионски оддел кој (покрај Камионскиот оддел) е носител на највисокиот стандард за Добри дистрибутивни пракси (GDP Standard) – неопходен за транспорт на горенаведените продукти по најстрогите стандарди кои ги бара медицинската индустрија.
Минатата година, пак, оформивме Оддел за Проектна логистика во рамките на Кине и Нагел Скопје, како дел од стратешките заложби со нашата логистичка експертиза да ги поддржиме процесите на производство на енергија добиена од обновливи извори. Па така, задоволство ни е што сме дел од изградбата на ветернички паркови, соларни фотонапонски централи и хидро-централи на територијата на Македонија, но и во регионот.

Можете ли да споделите некои информации за стратегиските приоритети на вашата компанија за наредната година?
Нашиот Патоказ 2026 (Roadmap 2026) и Визија 2030 (Vision 2030) се состојат од 4 столба кои ги одразуваат нашите приоритети: Уникатно Kuehne+Nagel искуство, Дигитален екосистем, ESG (Environmental, Social and Governance) и Потенцијалот на пазарот.
Приоритетите ќе обезбедат уникатно Kuehne+Nagel искуство и за вработените и за клиентите и ќе ги поддржат најдобрите логистички експерти во индустријата со Дигитален екосистем кој ги претвора иновативните технологии во конкурентни предности. Целта на Kuehne+Nagel, е преку ESG да создадеме заеднички вредности за сите засегнати страни (за заедницата, вработените и клиентите)...
Ќе инвестираме во уште поквалитетни решенија во логистиката за здравствена заштита, Е-трговијата и во квалитетни шпедитерски услуги, а ќе ја продлабочиме и соработката со клиентите кои се занимаваат со обновливи извори на енергија...
Некои иновации кои би ги споделиле со нас, а кои ви помагаат да ја одржите конкурентската предност на пазарот?
Во време на динамична дигитализација во секоја сфера од животот, секако дека најголемиот фокус на Kuehne+Nagel e да ги дигитализира сите внатрешни процеси со цел поефикасна, побрза и поквалитетна услуга. Врвен приоритет исто така е, на клиентите да им се овозможи точна информација и следливост на нивните пратки во секое време, буквално од секоја точка на светот. За таа цел, нашата платформа myKN е постојано надградувана со нови функционалности од кои највредна е т.н. Geofencing опција, која ја заврши својата тест фаза и веќе е во употреба за дел од нашите клиенти во Камионскиот оддел. Во бродскиот оддел, пак, алатката SeaExplorer овозможува компаниите сами да одлучат каков контејнерски транспорт ќе одберат: најевтиниот, оној со најстабилни транзитни времиња, или, пак, оној со најмалку емисии на СО2, и сето тоа базирано на Business Intelligence (BI) и Artificial Intelligence (AI) кои секако сè повеќе играат клучна улога во нашата дејност...

Иднината на една компанија е фасцинантна и динамична тема...
Пандемијата ја потенцираше важноста од способноста на прилагодување на компаниите, непланирано и во краток временски рок. Да се биде отпорен значи да се спротивстави на бурите, да се прифати промената и да се најдат нови извори на раст. Компаниите кои можат брзо да ги приспособат своите стратегии, внатрешни капацитети и операции се подобро позиционирани за неизвесна иднина.
Водечките компании истражуваат нови технологии, развиваат долгорочни партнерства и ги искористуваат технолошките можности.
Во свет каде што сите аспекти забрзано се дигитализираат, фокусираното учење и користење на новите алатки прави квалитативна разлика на компаниите. Иднината е обликувана од тоа колку добро компаниите се прилагодуваат, иновираат и градат флексибилност. Бидејќи светот останува неизвесен, да се биде подготвен за иднината не е само стратешки избор – тоа е неопходност.
Кине и Нагел, пред се’, ќе остане доверлив партнер на клиентите и нивниот бизнис, нудејќи им го најдоброто логистичко решение....
Нашата визија е, пред се’, да станеме најдоверлив логистички партнер на клиентите, партнер со кој заедно ќе градат успешен бизнис, но и одржлива иднина...
22-12-2025
22-12-2025
22-12-2025
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт