Недела, 25 Октомври 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.
Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Во фармацевтската индустрија, долгорочниот успех се гради преку истражување, инвестиции и способност навреме да се препознаат идните трендови. Реплек е една од компаниите што успеа да го направи токму тоа во сегментот на производите на база на медицински канабис.

Според податоците од изданието 200 Најголеми и Најуспешни компании во Македонија од 2025 година, Реплек е рангиран на 156 место според приход и на 108 место според добивка пред оданочување. Во 2024 година компанијата остварила приход од над 2 милијарди денари и добивка од речиси 194 милиони денари.

Во 2026 година компанијата одбележува десет години од почетокот на сопствениот развој и производство на производи на база на медицински канабис. Уште во 2016 година Реплек беше меѓу првите компании во регионот што влезе во овој сегмент, во период кога пазарот сè уште покажуваше значителна резервираност кон ваквите производи.

Еден од најзначајните моменти во развојот на овој сегмент е реализацијата на првиот извоз на производите на база на медицински канабис на пазарите на Европската Унија. Влезот на овие пазари претставува потврда за исполнувањето на високите регулаторни и квалитативни стандарди што ги бара европската фармацевтска индустрија.

Во текот на изминатата деценија компанијата инвестираше во современи технологии за суперкритична CO₂ екстракција, напредни производствени процеси и развој на специјализирани производи, создавајќи портфолио кое опфаќа ЦБД масла, козметички производи и производи наменети за дополнителна терапија кај одредени заболувања.

Дополнителен чекор кон транспарентноста претставува отворањето на првиот КА-информативен центар во земјата, наменет за едукација и информирање на јавноста за производите на база на медицински канабис.

Историјата на Реплек покажува дека иновациите, долгогодишната експертиза и подготвеноста за инвестирање во нови сегменти можат да создадат конкурентска предност не само на домашниот, туку и на европскиот пазар.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт