Четврток, 12 Февруари 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

50те компании со најголема остварена добивка во Словенија во 2022

Во оваа анализа ги споделуваме најуспешните компании од Словенија според добивката пред оданочување која ја оствариле во 2022 година.

Соработката со Агенцијата за јавно правни евиденции и услуги АЈПЕС од Словенија ни овозможува да имаме увид во најголемите и најуспешните компании од оваа земја. 

Првото место на листата на најуспешни за 2022 и припадна на фармацевтската компанија Крка ДД, со остварена добивка од 358,4 милиони евра. Второ место е компанијата за изградба на патишта и автопати Дружба за автоцесте со значително помала добивка од првата компанија, во износ од 192,9 милиони евра. На трето место е уште една фармацевтска компанија Лек ДД, а нејзината добивка изнесувала 168,9 милиони евра. Четврта на листата, со добивка од 81,7 милиони евра е транспортната компанија Лука Копер ДД, а по неа следат две компании од металопреработувачката индустрија, Цинкарна ДД и Импол ДОО. Нивните добивки изнесувале 51,2 милиони евра и 49,8 милиони евра. 

Со добивка од 39,1 милион евра следи Фотона ДОО, компанија за производство на оптоелектронски уреди, рангирана како седма компанија на листата на најуспешни. Осмо место го зазема Белектрон ДОО со добивка од 33,9 милиони евра, а деветото место и припадна на, кај нас добро познатата, Ген-И Трговија и Продажба на Електрична Енергија со 33,6 милиони евра добивка. Хидриа ДОО е десетта компанија со добивка од 32,9 милиони евра, а се занимава со произвоство на електрични мотори, генератори и трансформатори. 

Најзастапена дејност меѓу 50те најуспешни компании во Словенија е производната дејност, со дури 17 компании кои се дел од оваа листа, а кои заедно оствариле вкупна добивка пред оданочување од 387,1 милиони евра. 

Повеќе за компаниите од Словенија може да видите во табелата прикажана подолу, додека целокупните податоци за 200те најголеми и најуспешни се на следниот линк




Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.

3 вистини и 1 лага за прилепскиот мермер на АД Мермерен Комбинат

Во кои познати светски градби навистина го има прилепскиот мермер, а во кои не? Дали сите приказни што сте ги слушнале за него се вистина, или не?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт