Петок, 20 Ноември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Новото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ја открива финансиската слика на македонската економија

Трговијата на мало водечка меѓу најголемите индустрии, зголемување на вкупните приходи и на добивката пред оданочување, но умерено опаѓање на просечниот број на вработени. Што покажуваат податоците во новото печатено издание 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Новото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ја открива финансиската слика на македонската економија

Излезе од печат новото издание на реномираната економска печатена едиција „200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ“.  Како и секоја година, така и оваа, на околу 100 страници нудиме детален увид на економските параметри во Македонија, со краток осврт и на економските движења во Регионот.

Податоците кои се обработени во новото печатено издание се добиени во соработка со Централниот Регистар на Република Северна Македонија, поддржано од Mинистерството за економија, а соработници за податоците од регионот се АЈПЕС од Словенија и ФИНА од Хрватска.

 Отворени книги од 200 најголеми и најуспешни.

Трговијата на мало - водечка индустрија меѓу 200 НАЈГОЛЕМИ во Македонија

Од обработените податоци во новото печатено издание, може да се забележи дека во периодот на 2024 година, вкупниот приход од сите 200 најголеми компании изнесувал 17.531.578.474 евра, а во 2025 година се зголемил на 17.973.890.115 евра.

Во 2024 година, добивката пред оданочување од сите 200 најуспешни компании била 1.298.799.179 евра, а во 2025 изнесувала 1.438.539.249 евра.

Забележително е опаѓање на просечниот број на вработени лица, па така во 2024 година најголемите работодавци, вработувале 70.409 лица, а во 2025 година, тој број се намалил на 69.803.

Ако во 2024 година, во рамки на рангирањата на „200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ“, најголемата индустрија била Преработувачката индустрија со заработени 382.676.201.073 денари, во 2025 година, на врвот се најде индустријата Трговија на големо и мало, со вкупно остварени приходи од 386.613.411.630 денари.

Најуспешна индустрија и во 2024 и во 2025 година е Преработувачката индустрија со најголема добивка пред оданочување, 22.977.533.264 денари и  25.939.656.317 денари во 2025 година.

 Македонска книга со корица 200 најголеми и најуспешни.

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ корисна алатка во секојдневното работење

На самиот почеток, новото печатено издание на „200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ“ ви нуди краток осврт на економијата во Македонија, и секако, детален преглед на ранг листите на 200 најголеми компании во 2025 година (со најголем вкупен приход) и 200 најуспешни компании (со најголема добивка пред оданочување).

Освен Ранг-листите на најголемите и најуспешните, по кои впрочем е и препознатлив проектот club200, во печатеното издание се опфатени и други важни податоци, кои даваат детален преглед на економската слика во Македонија.

Во него се претставени ранг-листи на банките според капиталот и резервите, како и според добивката пред оданочување, додека осигурителните компании се рангирани според бруто полисираната премија и остварената добивка пред оданочување.

Посебно внимание е посветено и на најбрзорастечките компании во период од една и од пет години, најголемите работодавачи, најголемите индустрии според вкупниот приход и најуспешните индустрии според добивката пред оданочување.

Изданието содржи и преглед на територијалната застапеност на најголемите и најуспешните компании по градови, што овозможува дополнителен увид во географската распределба на деловната активност во Македонија.

Со деталните финансиски показатели, секторските анализи и регионалните споредби, новото печатено издание на „200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ“ претставува значаен извор на информации за деловната заедница, економските аналитичари, инвеститорите и пошироката јавност.

Преку систематизиран преглед на резултатите на водечките македонски компании, проектот продолжува да придонесува кон поголема транспарентност на деловните остварувања и подобро разбирање на економските движења во земјата.

Табела најголеми од едицијата 200 најголеми и најуспешни.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт