Четврток, 23 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ДАУТИ-КОМЕРЦ - Грижата за вработените, рецепт што дава резултат

Само задоволните вработени – може да креираат успешни компании. ДАУТИ-КОМЕРЦ е позитивен пример за тоа како лојалноста кон вработените дава резултати.

ДАУТИ-КОМЕРЦ е компанија чиишто почетоци датираат уште во 90 години на минатиот век.

Благодарение на упорната и истрајната работа, лојалноста кон партнерите и кон вработените денес е успешен конгломерат позициониран во четири балкански земји: Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија.

ДАУТИ-КОМЕРЦ во семејството на НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ДАУТИ-КОМЕРЦ веќе 20 години е дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компаннии во Македонија, а овој лидер во дистрибуцијата на продукти за широка потрошувачка е рангиран на 63. место на листата на најголеми компании и на 155. место на листата на најуспешни компании.

Имено, во 2023 година „Даути-комерц“ остварил вкупен приход од 4.452.665.949 денари и добивка пред оданочување од 139.368.695 денари.

Процентуално, компанијата ја завршила 2023 година со раст на приходите од 22,44%.

Сигурна егзистенција за над 400 вработени

Компанијата располага со 4 најсовремени дистрибутивни центри, како и со уште неколку други сектори кои придонесуваат за растот на компанијата.

Основната дејност на компанијата е дистрибуција на производи од домашни и светски брендови на територијата на цела Македонија, во Црна Гора, Косово и Албанија, но и во земјите од Европа.

Како што се појаснува на нивната веб-страница организациската структура на компанијата е поделена помеѓу четирите дистрибутивни центри и нивните вработени:

  • Централен магацин „Даути-комерц - Увоз и дистрибуција“ Скопје – Сарај, увезува и дистрибуира познати светски брендови до организираната трговска мрежа: магацини, синџири на маркети и маркети.
  • „Даути-комерц - Cash&Carry“, во Скопје – Сарај, Тетово и Струга го снабдуват со стоки домашниот пазар, односно нашите консигнанти - малите и средните претпријатија.
  • Компанијата врши и микродистрибуција, или т.н. амбулантна продажба, односно испорака на стока до најмалите продажни објекти во сите региони на Македонија.

Во моментов компанијата има 1.800 консигнанти, кои продаваат исклучиво нивни стоки – и тука не се мисли само на производите кои се пакувани и го носат логото „DAUTI“, туку и оние на нивните партнери.

„Даути-комерц“ значи сигурна егзистенција за околу 405 вработени во просек.

Оваа бројка на вработени во никој случај не е за потценување, особено, ако се земе предвид дека Македонија во последните неколку години мака мачи со работната сила и голем број работодавци се принудени да увезуваат работници од други земји.

Благодарение на еднаквите услови за напредок што компанијата ги нуди без разлика на нивната верска, национална или етничка припадност, во ДАУТИ-КОМЕРЦ работат припадници на сите етнички групи и заедници во Македонија и сите тие подеднакво придонесуваат за успехот.

Доволно е само да се погледнат профилите на социјалните мрежи на компанијата и да сфатите за каква околина и во каков третман добиваат вработените во компанијата, без разлика на тоа на која позиција се наоѓаат.

На социјалните мрежи редовно се објавуваат фотографии и видеа во коишто им се дава простор на вработените во компанијата и се истакнуваат нивните придонеси.

На Фејсбук страната редовно се објавуваат кратки видео прилози, во рамки на т.н. серијал „Работник на неделата“, каде што вработените сами имаат можност да раскажат за својата работа, но и за предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат.

Подароци за оние коишто имаат подолг стаж од 6 години, но и признание за првиот вработен во компанијата кој речиси целиот свој работен век од 30 години го поминал во ДАУТИ-КОМЕРЦ.

Од ДАУТИ-КОМЕРЦ велат дека компанијата е изградена врз принципите на истрајност и лојалност, а од погоре напишаното станува јасно дека тука станува збор за двострана лојалност: онаа на вработените кон компанијата, но и на компанијата кон вработените.

Очигледно е дека менаџментот се води од максимата дека само среќни и задоволни работници може да креираат вистински успех.

Вложување во иднината

Но, освен вложувањето во сегашната работна сила, ДАУТИ-КОМЕРЦ максимално вложува во иднината и во градењето на идни професионални кадри, коишто во иднина би можеле да застанат на челните позиции и да го водат кормилото на компанијата кон нови и поголеми успеси, како и досега, преку иновативност, диверзификација на дејностите и квалитетно управување.

ДАУТИ-КОМЕРЦ е еден од најголемите финансиски покровители на фондацијата „Албиз“ која доделува стипендии за студенти.

Веќе 14 години по ред преку оваа фондација се финансираат стотици талентирани млади луѓе за да го продолжат своето образование, а ДАУТИ-КОМЕРЦ може да се пофали дека покрива најголем дел од нив.

Оттука може да се нагласи дека ова е компанија која силно е сконцентрирана на иднината и вложува во неа, свесна дека вложувањето во образованието и во креирањето на квалитетни и образовани кадри е најсигурната инвестиција во иднината.

ДАУТИ-КОМЕРЦ е приказна која продолжува...

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт