Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Еуро Табак – 20 години искуство во секторот на дистрибуција и продажба

Еуро Табак се наоѓа на листата на 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија уште од првото издание на едицијата, поточно уште од 2003 година.
Еуро Табак – 20 години искуство во секторот на дистрибуција и продажба

За 2021 година успеаа да го забележат 37 место на листата на најголеми компании рангирани според остварен вкупен приход. Успеаа да го зголемат приходот од 4.896.695.126 денари на 5.011.724.567 денари што преставува раст од 2.35%.

Дистрибуцијата претставува еден од клучните елементи на процесот на продажба на производите. ЕуроТабак е компанија која се стреми кон совршена, навремена и точна дистрибуција на производите до крајните потрошувачи, преку различните канали на дистрибуција. Позиционирањето на македонскиот пазар како лидер во дистрибуцијата и логистиката, ја постави и потребата за континуран раст и развој од аспект на човечки ресурси, технологија и маркетинг, со кој се постави и стандардот на работењето во овој сектор.

Еуро Табак располага со 145 професионалци за продажба и дистрибуција во 15 дистрибутивни центри низ Македонија. Магацинскиот капацитет од 5,000 m2 на територијата на Македонија е со посебни температурни режими и различни видови на складирање што ги исполнуваат највисоките стандарди во оваа дејност.


Еуро Табак поседува 87 возила за достава на производите, oпремени со најсовремена опрема за следење на возилата и  рут планирање на доставата. Возниот парк постојано се обновува, а со оглед на потребите за дистрибуција, вклучува и возила со посебен систем за ладење за пренос на производи кои имаат потреба од температурен режим.


Продажбата како една од основите во оваа индустрија е таа која ги зајакнува процесите на квалиетна дистрибуција на производите до продажните места. Земајќи го предвид долгогодишното искуство на менаџерскиот тим за продажба и продажната сила од 145 професионалци, војнички прецизно го затвораат процесот на продажба на производите, не само до продажните места, туку и до крајните потрошувачи.


АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт