Компанијата ФЕРОИНВЕСТ опстојува повеќе од две децении и истовремено, благодарение на квалитетните услуги, иновациите и јасната визија за раст и развој, успеа да прерасне во една од најголемите и најуспешните македонски компании.
Главната мисија на ФЕРОИНВЕСТ е да бидат лидери во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан во обновливите извори на енергија и металната индустрија.
„Градиме електрани од обновливи извори од кои испорачуваме зелена електрична енергија за нашите клиенти, ги одржуваме чисти светските метрополи со еколошки возила од напредни технологии и продуцираме врвни метални производи во повеќе гранки.
Да ја предводиме енергетската транзиција во декадата пред нас и да поттикнеме широко користење на електричниот и водородниот погон. Со максимално роботизирано производство да ја однесеме индустријата на повисоко ниво на додадена вредност“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб-страница.

ФЕРОИНВЕСТ како компанија е тука за да му помогне на македонското стопанство да ја намали загаденоста на воздухот помагајќи му во изградбата на системи за креирање на енергија од обновливи извори, со што се добиваат максимални заштеди, но и се придонесува за зголемена употреба на т.н. „чиста енергија“.
Тоа е компанија која може да се пофали дека како една од најуспешните македонски компании, стои на ист ранг со своите конкуренти во ЕУ и во другите поразвиени земји.
Како групација, ФЕРОИНВЕСТ е поделена на повеќе мали компании кои се специјализирани во различни сектори. Деловните активности на ФЕРОИНВЕСТ се поделени во секторот на обновливи извори на енергија и во секторот на металната индустрија.
„Во делот на обновливите извори, ФЕРОИНВЕСТ беше прва компанија во регионот која почна со изградба на мали хидроелектрани.
Денес, како вертикално интегрирана енергетска компанија со сите потребни сегменти, нуди комплетни решенија за проектирање, изградба и одржување на електрани на сонце, вода и биогас, батериски системи и трафостаници, откупување на произведената електрична енергија и снабдување со електрична енергија на слободниот пазар.
Во делот на металната индустрија и автоматизацијата, ФЕРОИНВЕСТ располага со четири фабрики за: возила за одржување хигиена во урбани средини, тешки метални конструкции, жичани производи и медицински мебел“ – нагласуваат од компанијата.

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ е формирана во 2003 година и заедно со сестринската фирма Централ Инвест го водат бизнисот преку управување со 30 компании во Република Северна Македонија и во светот.
ФЕРОИНВЕСТ е друштво со ограничена одговорност во кој работат околу 1.000 вработени и спаѓа меѓу најуспешните македонски стопански субјекти.
Групацијата е високо конкурентна на странските пазари, а своите производи и услуги ги извезува во над 60 земји од светот.
Компаниите во групацијата ФЕРОИНВЕСТ имаат огромно искуство и експертиза во обновливите извори на енергија и во обработката и производството на метални компоненти и свипери.
„Феро Инвест клуч на рака“ е единствен пристап со кој нудиме индивидуално решение за секој клиент. Од првичната физибилити студија, преку финален проект, изградба и монтажа, до пуштање во работа и контрола на производството на електрична енергија, со 24/7 систем за следење за брз одговор.

Во нашите фабрики произведуваме најсовремени еколошки возила за одржување на хигиената во урбани услови, разни машински склопови, производи од жица, болнички елементи и медицински помагала“ – појаснуваат оттаму.
Доказ за квалитетот на производите и услугите што ФЕРОИНВЕСТ ги нуди, покрај големиот број сертификати и признанија е и квалитетниот и образован кадар кој работи таму. Како што појаснуваат од компанијата, во групацијата работат околу 1.000 луѓе, од кои 100 се врвни инженери од сите технички струки.
Според податоците од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, во 2023 година, компанијата остварила вкупни приходи во износ од 1.145.634.589 денари и добивка пред оданочување во износ од 170.364.800 денари.
Во однос на претходната година, компанијата остварила раст на добивката пред оданочување за 74,50% и раст на вкупните приходи за 89,87%.

Благодарение на овие показатели, компанијата е рангирана на 112. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.
ФЕРОИНВЕСТ е повеќе од компанија – таа е симбол за македонското знаење, истрајност и професионализам.
Со секој нов проект, со секој произведен контејнер, испорачан камион или генериран киловат-час, компанијата го потврдува својот став: дека и од Македонија може да се гради подобар, почист и поодржлив свет.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт