Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Илинден АД Струга во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Илинден АД, Струга е една од најдобрите градежни компании која нуди висок квалитет и искуство во работењето. Компанијата е дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ уште од 2003 година, најпрво како една од најуспешните, а потоа и од најголемите компании.

На пазарот постои повеќе од 50 години, а нејзината главна дејност опфаќа нискоградба, високоградба и хидроградба.  

На ранг листите на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ прв пат се појавува во 2003 година и тоа како 105та најуспешна компанија со остварена добивка пред оданочување од 23,3 милиони денари. Тогаш компанијата броела само 56 вработени. Веќе од 2005 година Илинден АД влегува и на листата на најголеми, на 192ро место, со остварен вкупен приход од 278,2 милиони денари. Добивката во 2005 година изнесувала 15,9 милиони денари. 


Низ годините, и покрај изолираните падови во некои од годините, сепак се забележува растечки тренд и во поглед на вкупните приходи, добивката пред оданочување, но исто така и на бројот на вработени. 


2022 година компанијата ја заврши со позитивни резултати и со највисоки приходи во овој анализиран период, кои изнесуваа 1,2 милијарди денари. Во однос на добивката пред оданочување, таа изнесуваше 174,2 милиони денари односно раст од 8%. Просечниот број на вработени во текот на 2022 година во Илинден АД, Струга беше 149 лица. Повеќе за компанијата може да прочитате тука, а сите податоци за 200те најголеми и најуспешни се достапни на овој линк.

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт