Тоа за нив претставува 11та година по ред како се на листата, почнувајќи уште од 2011 година.
Кит-Го, Супер Кит-Го и Тера маркети денес претставуваат синоним за брзорастечки ланец на маркети, кои што во фокусот на својата работа го имаат поставено потрошувачот и неговите секојдневни потреби.
Кит-Го маркети, со брза развојна динамика заснована на цврсто поставена стратегија и цели, во период од 29 години се изгради како препознатлив бренд во малопродажбата, како и лојален, модерен и квалитетен ланец маркети во Македонија. Денес Кит-Го го дефинира лојалниот однос кон купувачите и квалитетната услуга и зголемување на задоволството од секојдневното купување.
Компаниските цели за овозможување што поголема достапност на повеќе производи, присутност во поголем број на средини и градови и со тоа доближување до потребите на купувачите, се подеднакво поддржани и прифатени од повеќе од 800 вработени во трите ланци.
На листите на 200 најголеми и најуспешни компании, рангирани се според вкупниот остварен приход и според вкупната добивка пред оданочување. Како што можеме да забележиме нивниот приход е во тренд на раст во последните 5 години.
Тоа, визуелно можете да го погледнете во продолжение.

04-06-2026
01-06-2026
01-06-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт