Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Крени глас! - Макпетрол во борба против врсничкото насилство

Врсничкото насилство е еден од негативните трендови кои земаат се поголем замав во светот, но не се изоставени ни кај нас.

Последиците, за жал, можат да бидат многу сериозни за општеството, родителите, но најмногу за децата кои се жртви на овој тип на насилство. Затоа, многу е важно заедничко пристапување кон решавање на ваквите проблеми и подобра иднина за младите генерации. За таа цел, овој текст го посветуваме на една од позначајните кампањи за врсничко насилство, покрената од една од најголемите македонски компании - Макпетрол. Целото интервју со компанијата прочитајте го подолу.


1. Која е причината поради која Макпетрол одлучи да отпочне ваква кампања?

- Врсничкото насилство не е проблем изолиран само на денешните генерации туку состојба што изминатите години прогресира и ефектите се воочливи. „Макпетрол“, како општествено одговорна компанија, отсекогаш има слух за проблемите со кои се соочува заедницата нудејќи поддршка и опции за разрешување на овие ситуации. Булингот е присутен и во светот и нашата цел е да го свртиме вниманието кон него и да дадеме придонес кон тоа младите луѓе да се развиваат како толерантни и мирољубиви личности кои ги разбираат индивидуалните приказни без осуда. 

2. Која е основната замисла на оваа кампања и каков е очекуваниот резултат?

- Како и повеќето општествено одговорни кампањи, така и оваа има повеќе цели, но меѓу најважните веројатно би биле - децата, но и родителите, наставниците, всушност, целото општество, да го сфати значењето на проблемот со врсничкото насилство и да најде начин како може да придонесе во неговото решавање. Уште од самиот почеток на активностите имаме одличен одзив од граѓаните. Тие раскажуваат лични искуства и споделуваат свои впечатоци. Клучен дел од кампањата е едукацијата. Се оддржуваат работилници низ училиштата, се споделуваат печатени материјали, односно се пренесуваат знаења на децата, но и на родителите. Токму затоа ангажиравме психотерапевти кои беа вклучени во целиот процес на подготовка на комуникацијата за кампањата. Тука се и психолозите што работат со анимираниот серијал „Биби и Боби“ кои, исто така, подготвија едукативни содржини за подобро разбирање и соочување со врсничкото насилство.     


3. На кој начин планирате да се спроведува оваа кампања во иднина?

- Сите сме свесни дека врсничкото насилство е сериозно голем општествен проблем чие што решавање е огромен предизвик. За да се дојде до тој степен, потребно е да се води отворен разговор и заеднички да се осмислуваат решенија што би биле долгорочни. Интернет-страницата kreniglas.mk е замислена како ресурс којшто можат да го користат сите што сакаат, најпрво, подетално да се запознаат со проблемот со булингот, а потоа и самите да придонесат во неговото решавање. Навистина ни е мило што дел од општините, преку основните училишта, се вклучија во кампањата и токму таму, најдиректно со децата, се надеваме дека најмногу ќе се почувствуваат позитивните придобивки од оваа општествено одговорна кампања.

4. Дали во моментов имате и можете да споделите некоја стратегија или планирани активности за едуцирање на граѓаните за сериозноста на овој проблем и колку е важно да се влијае на негово решавање?

- Веб-сајтот kreniglas.mk изобилува со едукативни содржини кои што опфаќаат различни аспекти на проблемот со врсничкото насилство. На оваа интернет-адреса има материјали наменети за децата, како и за родителите и за наставниците, како најдиректно вклучени во развојот на младите генерации. Дополнително, на вебсајтот има и квизови преку кои што учесниците можат да ги дознаат своите познавања на темата на врсничкото насилство, а постои и можност за анонимно споделување лични искуства со овој огромен проблем. Во основните училишта каде што психотерапевт одржува работилници со учениците и со стручните служби, се споделуваат и печатени едукативни материјали наменети за децата, но и за родителите. Преку сите овие активности се надеваме дека ќе придонесеме да се зајакне знаењето и на тој начин да се зголеми општата свесност за проблемот со врсничкото насилство.

5. Дали има други компании/соработници кои ве поддржуваат и даваат активен придонес во моментот?

- Зголемување на интересот на јавноста за проблемот со врсничкото насилство, како и неговото долгорочно влијание врз развојот на идните генерации, се меѓу носечките цели на оваа општествено одговорна кампања. Уверени сме дека, најпрво, за оваа тема треба уште поотворено да зборуваме и преку тие дискусии заеднички да дојдеме до решенија кои, наместо да бидат краткотрајни, суштински ќе помогнат. Токму затоа, сите образовни институции или секоја општина, која што ја препознава оваа вредност, отворена е можноста да воспостави контакт со „Макпетрол“ и да се вклучи во кампањата.


Со почит, 

Макпетрол АД


Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт