Една од најпознатите логистички компании на нашиот пазар, Kuehne+Nagel, на барање на македонските клиенти разви уште подобра услуга за збирен камионски транспорт од Италија до Македонија, со директно поврзување, за брза и доверлива врска со цела Италија!

Практично, отсега компанијата нуди можност за преземање пратки од цела Италија кои преку шест собирни центри се консолидираат во еден главен центар, од каде со директно возило доаѓаат до Македонија, а со тоа Вашиот бизнис добива:
- Брза услуга: Kuehne+Nagel нуди можност за секојдневно преземање на збирни пратки и дотовари од сите делови на Италија и директна линија до Скопје
- Поголема флексибилност: фиксни, скратени транзитни времиња за збирните пратки на бизнисите, кои овозможуваат уште подобро планирање и оптимизирање на ланецот на набавки за секоја компанија.
- Следење преку myKN: информација за секоја пратка достапна во секое време
Доколку вашата компанија има потреба од директен збирен транспорт од Италија, можете да побарате директна понуда на sales.skopje@kuehne-nagel.com и да им ја препуштите работата на професионалците од Kuehne+Nagel!
04-06-2026
01-06-2026
01-06-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт