Во 2025 година, Мулти Шпед ДООЕЛ Скопје уште еднаш потврди дека е логистички партнер од највисока доверба, спроведувајќи една од најчувствителните операции – транспорт на 12.500 тони коварина, класифициран како секундарен добен производ (неопасен отпад), во целосна согласност со националните и меѓународните регулативи.
Со овие активности, компанијата уште еднаш го зацврсти своето место во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија, притоа докажувајќи дека стручноста, отчетноста и еколошката свест не се само зборови, туку реални резултати на терен.

Проектот се реализираше во периодот од 2 април до 5 мај 2025 година, со транспорт до ФОБ Драч (free on board), во новото пристаниште Порто Романо. Секоја фаза беше внимателно испланирана, а логистичката операција се спроведе под строга контрола на царинските власти на Македонија и Албанија, како и во согласност со еколошките протоколи утврдени од релевантните министерства.
Без ниту една грешка, со максимална оперативна ефикасност, Мулти Шпед и извозникот навремено ги обезбедија сите потребни одобренија, потврдувајќи го својот статус како овластен економски оператор.
Проектот доби заслужени пофалби за професионалниот пристап на сите вклучени:
Оваа успешна соработка е пример како треба да изгледа одговорна и одржлива логистика на регионално ниво.

Мулти Шпед не ја гледа одржливоста како тренд, туку како основа на своето делување. Во 2025 година, компанијата продолжува со инвестиции во:
Со секој нов проект, компанијата придонесува кон почиста животна средина и поставува стандард за одговорен корпоративен раст.

Во мај 2025 година, Мулти Шпед беше почесен гостин на саемот за транспорт и логистика во Минхен, по покана од своите партнери M&M, Militzer & Münch GmbH. Овој настан не беше само можност за присуство на водечки иновации, туку и за конструктивни средби и креирање нови стратегии за продлабочување на соработката во иднина.
Со високо ниво на професионализам, силна еколошка ориентација и прецизна имплементација на сложени операции, Мулти Шпед уште еднаш се истакна како компанија што ја гради иднината на логистиката – транспарентно, одговорно и одржливо.
14-04-2026
14-04-2026
05-04-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт