Недела, 22 Ноември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во својата содржина ги обработува податоците за компаниите во Македонија, но ги вклучува и земјите од регионот.
НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ

Па, така, денеска ви претставуваме една споредба на првите 5 компании во Македонија, Хрватска и Словенија според добивката пред оданочување во последните 5 години. 

На графиконите подолу ги прикажуваме движењата на добивката пред оданочување низ годините, а во табелата во прилог може да се видат и износите на добивките на компаниите согласно рангот.




Како што и може да се претпостави, заклучуваме дека македонската економија и македонските компании имаат доста пониска добивка од компаниите во другите држави, но тоа е и очекувано со оглед на тоа дека нашата држава е доста помала и економијата допрва се развива. На пример, добивката пред оданочување која ја оствариле 5те најуспешни компании во Македонија во 2021 година е за 172% помала од онаа остварена од 5те најуспешни компании во Хрватска и дури 236% од добивката во Словенија. Оваа разлика е значително помала ако ги споредиме Хрватска и Словенија меѓу себе, односно изнесува 23,6%. 



Новото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ја открива финансиската слика на македонската економија

Новото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ја открива финансиската слика на македонската економија

Трговијата на мало водечка меѓу најголемите индустрии, зголемување на вкупните приходи и на добивката пред оданочување, но умерено опаѓање на просечниот број на вработени. Што покажуваат податоците во новото печатено издание 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт