Сабота, 13 Декември 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ПИ СВИССЛИОН – кралство исполнето со многу слатки и солени задоволства

ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје е горд член на концернот СВИССЛИОН – ТАКОВО , кој е еден од најголемите и најпознатите производители на храна и пијалоци во Југоисточна Европа.

ПИ СВИСЛИОН ДОО, Скопје повторно се наоѓа на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија. Свој ранг помеѓу 200те најголеми и најуспешни компании имаат земено секоја година, уште од првото издание на едицијата од 2003та година.

За 2022 успеаа да го заземат 127то место на листата на најголеми компании (рангирани според вкупниот приход). Имаат остварено приход од 2.199.639.098 денари што преставува раст од 6.71% во споредба со минатата година.

Во 1998 година, ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје започнува со работа, прво како генерален дистрибутер, а потоа и со производствен погон како “Green field” инвестиција.

Во 2001 година, со единствена цел за постигнување на максимална продуктивност и ефективност во работата, компанијата се дели на СВИССЛИОН ДОО Скопје, со основна дејност производство на кондиторски производи и СВИССЛИОН Мак ДОО Скопје, со основна дејност продажба на големо и мало и дистрибуција на целиот асортиман на групацијата SWISSLION.


Од аспект на стандардите за безбедност на храна, SWISSLION секогаш бил чекор понапред. Уште во 2005 година, го доби HACCP сертификатот, а веќе наредната година беше првата компанија во Македонија којашто го доби интернационалниот сертификат за безбедност на храна ISO 22000:2005.

Освен производство и големопродажба, нивната следна цел е развој на малопродажбата и отворање на нови Слатки Куќи.

Слатките Куќи се ланец на малопродажни објекти и секоја од нив претставува мало царство во кое можат да се најдат сите производи со врвен квалитет од целиот асортиман на СВИССЛИОН, по конкурентни цени.

Мулти Шпед: Раст преку зелена логистика, доверба и меѓународни партнерства

Мулти Шпед ја гради својата логистичка моќ преку доверливи испораки, зелени инвестиции и стратешка соработка со компании како Militzer & Münch. Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, компанијата потврдува лидерство и во 2025 година.

ТДР Скопје со стабилен раст и зголемена профитабилност во трговијата со тутун

Во 2023 година, ТДР Скопје оствари приход од 3,11 милијарди денари и добивка од 22,3 милиони денари, бележејќи раст на приходите од 9,69% и значително зголемување на профитабилноста од 54,96%.

РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС со рекорден раст и влез во топ 50 најголеми компании во Македонија

Во 2023 година, РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС оствари приходи од 5,95 милијарди денари и профит од 279,8 милиони денари, влегувајќи во топ 50 најголеми компании во Македонија со рекорден раст.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт