„Реплек“ е компанија со 80-годишна традиција, која со текот на годините се развивала и се развива согласно со потребите на нејзините клиенти и потрошувачи, како на домашниот, така и на странските пазари каде е присутна со децении наназад.
Како една од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании, „Реплек“ е лидер во својата област.
Препознавајќи ги потребите на потрошувачите, во согласност со промената на македонската легислатива, компанијата прва го започна производството на производи од екстракт на канабис, или т.н. масло од канабис и им понуди на пациентите избор.
Се чини дека 2016 година донесе големи промени во македонското здравство, кога земјата за првпат дозволи употреба на екстракт од канабис во медицински цели.
Таа дозвола во голема мера значеше подобар и поквалитетен живот за голем број граѓани коишто се соочуваа со различни здравствени проблеми.
Особено значајна стана употребата на овие производи во т.н. менаџмент на болката, односно кај лицата кои заради различни здравствени состојби мораа животот да го живеат користејќи лекови наменети за олеснување на болките.

Производите КАНОИЛ® со различна јачина, донесоа промена во македонското здравство и им понудија избор на македонските пациенти, кои дотогаш во состојба на големи болки мораа да бараат спас во опоидите кои создаваа зависност и дополнителни проблеми со здравјето.
КАНОИЛ® маслата значеа подобрување на начинот на живот пред сè на онколошките пациенти, но тие помагаат и при превенција на кардиоваскуларни болести, односно помагаат при регулирање на крвниот притисок, ја подобруваат работата на срцето, делуваат кардиопротективно и можат да помогнат во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, како и за регулирање на покачена концентрација на гликоза во крвта.
Овие масла освен што помагаат при состојби на малигни заболувања, тие може да помогнат и при мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детската возраст.
Позитивните ефекти што овие производи може да ги имаат кај здравјето на пациентите беа веднаш препознаени и од македонските лекари, онколози, па така голем дел од нив, заедно со традиционалната (хемо)терапија препишуваа и КАНОИЛ® масла со цел да се олеснат нуспојавите и ефектите од зрачната и хемотерапијата на која се подложени онколошките пациенти.

Малигни заболувања, Паркинсонова болест, Алцхајмер, епилептични напади, проблеми со женското здравје...
Производите од екстракт од канабис на „Реплек“ имаат широка примена во модерната медицина и може да помогнат при различни состојби.
Иако се нагласува дека тие не се замена за традиционалната препишана терапија, позитивните ефекти од нивното користење се признаени како од голем број здравствени работници и организации ширум светот, па така и од американската ФДА.
Она што „Реплек“ им го нуди на своите клиенти, се производи добиени со највисока технологија, според сите светски стандарди за ваков тип производи и со гарантиран квалитет.
КАНОИЛ® маслата се екстракти од растението канабис или коноп, а благодарение на современата технологија што се користи при производството на лекот, докажано е дека во маслениот екстракт нема присуство на пестициди и хербициди.
Екстракцијата на маслото се изведува со најмнодерна технологија, односно на ниска температура без употреба на органски растворувачи, со што се обезбедува највисок квалитет на маслениот екстракт.
„КАНОИЛ® CBD маслото од коноп може да содржи канабиноиди, примарно CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија.
Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и предизвикуваат имуномодулаторен ефект (го подобрува имунолошкиот систем).
КАНОИЛ® CBD маслото од коноп може да содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба.
КАНОИЛ® CBD маслото од коноп содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) количини под 0,2%“ – појаснуваат од Реплек.
Слични производи од истата палета се и:
КАНОИЛ® маст која може:
Граничен производ кој во себе содржи две мошне лековити масла – од коноп и од орев.
Маслото од орев помага во одржување на мозочните (когнитивните) функции.
Дејствува невропротективно, ги ублажува когнитивните нарушувања, помага во одржување на меморијата и учењето на нови работи.
Ова дејство е надополнето со невропротективното дејство на CBD, со што се подобрува општата здравствена состојба посебно кај Паркинсоновата болест, односно придонесува за ублажување на когнитивните нарушувања кај Алцхајмеровата болест.
Комбинацијата на двете составни компоненти во КАНОИЛ® gold nut може да делува кардиопротективно, ги заштитува крвните садови, ја подобрува работата на срцето, ги намалува крвниот притисок, мастите и шеќерот во крвта и го намалува ризикот за појава на дијабет.
КАНОИЛ® femme 50 mg вагиториите содржат CBD масло од коноп.
Употребата на КАНОИЛ® femme 50 mg вагиториите има позитивен ефект на интимното здравје на жената поради противвоспалителното дејство и позитивното дејство на имуниот систем на CBD (Cannabidiol).
КАНОИЛ® femme 50 mg вагиториите имаат поволно дејство:

Палетата од производи од екстракт од канабис е уште еден доказ за подготвеноста на „Реплек“ како компанија постојано да биде во чекор со времето и да ги следи сите светски трендови во својата област.
Препознатлива по квалитетните фармацевтски производи, „Реплек“ со години наназад е синоним за производство на лекови во Македонија по највисоки стандарди.
Тоа е компанија која истовремено ги следи трендовите во фармацијата во сите развиени европски земји.
А напорното работење дава свои резултати. Доказ за тоа се и позитивните финансиски извештаи, како и постојаното освојување на нови пазари во светот и зголемување на извозот.
Во 2023-та година компанијата остварила приход од 1.652.430.777 денари, а за една година бележи раст на приходите за 279,60%.
Со раст на добивка од 188,63%, „Реплек“ се најде на 177-мо место на Најголеми компании во Македонија и на 109-то место на Најуспешни компании во Македонија.
Истата година компанијата забележaла пораст на продажбата на странските пазари.
Продажбата, надвор од Македонија пораснала за 43%, а позициите на компанијата се зајакнувале и на домашниот пазар, каде што е остварен раст од 37% во однос на 2022 година.
Оттука, јасно е дека во голем дел успехот на „Реплек“ се должи токму на промената на стратегијата на извозот и зголеменото присуство на македонските лекови во аптеките на странскиот пазар.
„Реплек“ е дел од семејството 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија уште од 2003 година и соодветно на успехот ги менува позициите меѓу Најдобрите компании во Македонија и Најуспешните компании во Македонија.
Благодарение на долгогодишната посветена работа, посветеноста на добросостојбата, како на своите вработени, така и на своите потрошувачи, од објавите на CLUB 200 низ годините може да се забележи дека компанијата само бележи раст.
31-07-2025
30-07-2025
30-07-2025
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт