Среда, 22 Јули 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Стентон Градба: Кои се 3 главни фактори за избор на совршен дом?

Изборот на совршен дом не е едноставен, а вработените во една од најуспешните македонски компании, Стентон Градба издвојуваат три најважни фактори што треба да ги имате предвид.
Стентон Градба: Кои се 3 главни фактори за избор на совршен дом?

Стентон Градба ДООЕЛ, од битолското село Долно Оризари е компанија која веќе 22 години е значаен играч во македонскиот градежен сектор и како таква, може да ви даде релевантен увид во факторите што треба да ги земете предвид при вашиот избор на совршен дом.

Тоа е компанија која зад себе има огромен број на значајни проекти, како во нискоградбата, така и во високоградбата и хидроградбата.

Од компанија за продажба на градежни материјали, до значаен играч во градежништвото

Компанијата е формирана во далечната 2003 година, и во тој период прво се занимавала со производство на градежни материјали, а потоа и со изведба на договорни проекти за приватни лица.

Како една од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании Стентон Градба ДОО од година во година докажува дека квалитетните проекти се најдобра реклама, и се неопходни за успешноста и развојот на една компанија.

Според официјалните податоци на Централниот Регистар на Република Северна Македонија, во 2023 година Стентон Градба ДОО имала вкупен приход од 1.400.731.705 денари и добивка пред оданочување од 168.165.422 денари.

Процентуално, споредено со претходната година, компанијата остварила раст на вкупните приходи за 7,76%, додека, растот на добивката пред оданочување е за 67,84%.

Благодарение на растот на добивката пред оданочување, како еден од главните параметри за рангирање на компаниите во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, Стентон Градба, успеа да направи скок од дури 62 позиции и во 2023 година се најде на 116.  место на ранг листата на најуспешни македонски компании.

Совети за избор на совршен дом од Стентон Градба

Еден од клучните проекти што компанијата го изведуваше во последните години е изградбата на една од најголемите станбени единици во регионот, Marble Residence, сместена во прилепската населба Точила.

Станува збор за голем резиденцијален комплекс на 7 нивоа, кој е сместен на вкупна површина од 1.110m2, кој располага со 98 станбени единици, 600m2 зелена површина и 98 паркинг места.

При изведбата на овој голем резиденцијален проект, вработените во Стентон Градба ги зеле предвид трите најважни фактори при изборот на совршен дом а тие се:

  • Простор и функционалност;
  • Локација и поврзаност;
  • Квалитет и сигурност.

Како Marble Residence на Стентон Градба одговара трите клучни фактори при изборот на совршен дом?

Во однос на просторот и функционалноста, потребно е да си го поставите прашањето дали ви е потребен компактен стан или повеќе простор за семејството.

Идеалниот дом треба да одговара на потребите, па оттука бројот на соби, складишниот простор и терасата се клучни за удобност и практичност во секојдневието.

Во Marble Residence може да се најдат компактни станови од 29m2, но и пространи идни живеалишта со квадратура од 82m2, со што се одговара на различните потреби на идните резиденти.

Стентон Градба ви нуди можност да изберете светол и топол простор со модерен дизајн, односно оптимално дизајнирани станбени единици со идеален распоред, кој ја максимизира ефикасноста на просторот, а каде ќе имате можност да креирате спомени во годините што допрва доаѓаат.

Вториот фактор, што според Стентон Градба е мошне важен, е локацијата да обезбедува брз и лесен пристап до училишта, градинки, маркети и јавен превоз, а Marble Residence навистина се наоѓа на логистички идеална локација за секого.

Имено, резиденцијалниот комплекс е сместен на локација која овозможува брз пристап до образовните установи во Прилеп од секое ниво, како и до игралишта, маркети, ресторани, локални кафулиња и затворен базен кој е планиран за изградба.

Третиот и можеби најважен фактор при изборот на нов дом е квалитетот и сигурноста на објектот и тука пред сè квалитетот на градба, енергетската ефикасност и употребените материјали.

Резиденцијалниот комплекс е изграден по најнова технологија, со висококвалитетен систем за безбедност, интеграција со semi-smart или full-smart инсталација.

Во неговата изградба се користени квалитетни решенија кои обезбедуваат највисоко ниво на енергетска ефикасност.

Благодарение на ваквите квалитетно изведени проекти, Стентон Градба ДОО повеќе од две децении е еден од најважните играчи во македонското градежништво, како компанија која подеднакво учествува во изградбата на комерцијални објекти, но и во санација и рехабилитација на крупни објекти кои имаат огромно општествено значење.

Стентон Градба не гради само згради, туку и патишта, мостови, противпожарни централи, болници...

Со други зборови, Стентон Градба е компанијата која ја гради вашата и нашата иднина!

Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид одамна не е само домашен фармацевтски лидер. Анализа на извозната стратегија, инвестициите и меѓународната експанзија на една од најголемите македонски компании.
ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

Финансиска анализа на ЕМША ШПЕД ДООЕЛ Неготино за периодот 2020–2024 година: приходи, добивка, оперативна ефикасност и позицијата на компанијата во секторот за меѓународен транспорт.
ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

Анализа на финансиските резултати на ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип за периодот 2020–2024: раст на приходите, добивката, бројот на вработени и позицијата меѓу најголемите компании во Македонија.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт