Стентон Градба
е градежна компанија која зад себе оставa трајни вредности и значајни проекти.
Секој пат, мост или објект е повеќе од градежна конструкција – тоа е дел од
нечиј секојдневен живот, можност за развој и симбол на прогрес. Оваа
посветеност кон квалитет и иновации ја позиционира компанијата меѓу 200-те
најуспешни компании во Македонија за 2023 година, што претставува признание
за професионализмот, довербата и резултатите постигнати во градежниот сектор.
Стентон Градба
успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно
влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот. Компанијата посветено
работи на проекти кои го подобруваат урбаниот и руралниот простор, обезбедуваат
безбедност, ефикасност и одржлив развој.
Изградба на Lidl
Маркет – Битола
Со проширувањето на германскиот трговски бренд Lidl, во
Битола е изграден модерен, функционален и енергетски ефикасен маркет. Овој
проект не само што обезбедува современо купувачко искуство, туку и отвара нови
работни места и придонесува кон локалната економија.
Рехабилитација на
патната делница Фариш – Прилеп (Плетвар)
Рехабилитацијата на 19 км од овој стратешки патен правец
значително ја подобри безбедноста и функционалноста на сообраќајот. Како дел од
меѓународниот коридор 10Д, оваа делница секојдневно ја користат илјадници
возила, вклучувајќи тешки товарни камиони. Со завршувањето на проектот,
обезбедени се подобри транспортни услови и олеснето движење, особено во
зимските месеци.
Санација на речното
корито на реката Вардар – Туденце, Тетово
Со санацијата и расчистувањето на коритото на реката Вардар,
значително е намален ризикот од поплави во населеното место Туденце. Отстранети
се градежен шут, отпад и вегетација што го попречуваа текот на реката, со што е
подобрена заштитата на домовите и земјоделските површини во овој регион.
Стабилизација на
свлечиште – Крушево – Сладуево
Проектот за санација на теренот вклучуваше поставување на
армирано-бетонски колови,
изведба на потпорна конструкција и примена на современи инженерски методи за
следење на деформациите. Оваа интервенција го зголеми безбедноста на патниот
правец и спречи понатамошно пропаѓање на теренот.
Чистење на речното
корито на Црна Река
Во рамките на проектот беше извршено чистење на 9 км од коритото на Црна Река, при што беа отстранети над 180.000 м³ алувијални наноси. Оваа активност овозможи зголемување на заштитните насипи и подобрување на хидролошките услови во регионот.

Стентон Градба
се истакнува со примената на најсовремени градежни технологии и методологии,
постојано инвестирајќи во човечкиот капитал и одржливи решенија. Со секој
успешно завршен проект, компанијата ја зацврстува својата репутација како
сигурен партнер во градежниот сектор.
Како дел од најуспешните компании во Македонија, Стентон Градба продолжува да создава нови можности, да поставува високи стандарди и да придонесува кон подобра инфраструктура и поквалитетен живот.

06-08-2026
06-08-2026
06-08-2026
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт