Вторник, 09 Декември 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ТДР ДООЕЛ Скопје - Иновативни производи со намален ризик за Подобро Утре

БАТ е компанија која нуди три вида производи со намален ризик. Дознајте како оваа компанија се труди да го заштити јавното здравје, со иновативните производи.

ТДР СКОПЈЕ, ДООЕЛ Скопје е дел од семејството на БАТ (British American Tobacco), водечка компанија за производи со широка потрошувачка основана во далечната 1902 година.

Преку ТДР Скопје, производите на БАТ се присутни и на македонскиот пазар, а благодарение на резултатите, се етаблира на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија. 

БАТ е мултинационална компанија која се занимава со производство и трговија со производи од тутун, а во последните години е целосно сконцентрирана на пренасочување на возрасните пушачи кон алтернативите без чад.

Во Македонија компанијата е присутна како дел од групацијата BAT Adria, која е силно позиционирана на пазарите во осум земји на Балканот: Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора.

Благодарение на силното присуство на македонскиот пазар и влијанието што го има врз потрошувачите, БАТ заслужено го наоѓа сопственото место меѓу Најголемите компании во Македонија.

Која е нивната главна цел?


БАТ цели кон Подобро утре™ (A Better Tomorrow™)

Човештвото со милениуми наназад користело тутун, но во последните неколку години се забележува дека значително опаѓа бројот на консумирани цигари на светско ниво.

Но, тоа не значи дека опаѓа и бројот на пушачите. 

Ваквиот тренд не само што ги опфаќа развиените држави во светот, туку е застапен и во Македонија.

Свесни за штетноста и ризиците што пушењето ги предизвикува за јавното здравје и непушачите преку секундарното вдишување чад, луѓето во последните години сè повеќе се свртуваат кон алтернативите без чад.

„Денес, еволуцијата продолжува. Свесни сме дека продуктите со согорување се со сериозен ризик по здравјето, па единствен начин да се избегнат тие ризици е воопшто да не почнувате или целосно да се откажете од пушењето.

Затоа се менуваме, креираме нови производи, врз основа на научните истражувања, што им нудат на возрасните пушачи алтернативи без чад.

Главната корпоративна цел ни е да изградиме Подобро утре™ (A Better Tomorrow™). 


За нас тоа значи да изградиме свет без чад и да станеме доминантен бизнис без чад до 2035 година. Обезбедувајќи им на полнолетните пушачи пристап до новите категории на производи се приближуваме до остварувањето на таа цел.

За да ја изградиме нашата визија за Свет без чад, нашата цел е да станеме предоминантен бизнис без чад. Нашите цели ќе ги оствариме така што активно ќе ги охрабруваме возрасните пушачи да се свртат кон алтернативите без чад – во основа ‘да се свртат кон подоброто’“ – стои во мотото на компанијата, објавено на нивната веб-страница.

БАТ во Македонија ја започна својата технолошка револуција, промовирајќи 3 нови категории со намален ризик и тоа: електронските цигари – VUSE, производите за загревање тутун – glo™  и никотинските ќесички – VELO.

Со тоа БАТ Македонија стана единствената компанија на оваа индустрија која на пазарот е присутна со сите категории на производи со намален ризик.* 

„Светот се менува, а со него и ние се трансформираме за да изградиме Подобро утре™ (A Better TomorrowТМ)“ – нагласуваат од компанијата.


Приходите на ТДР во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

  • Во 2023-та година ТДР остварил приходи од 3.112.625.860 денари и за една година остварил раст на приходот од 9,69%.
  • За една година има раст на приходите од 54,96%.
  • На листата на Најголеми компании во Македонија се најде на 92 место.

Јасно е дека ваквите резулати најверојатно се последица на тоа што и Македонија ги следи светските трендови и возрасните пушачи во земјата сè повеќе се свртуваат кон алтернативите без чад, во обид да дадат поголем придонес кон заштитата на јавното здравје.

Според податоците објавени во документот од Economics for Health, Македонија е земја со висок број на пушачи. 

Имено, според истиот Извештај, околу 48,4 % од возрасното население во земјата се идентификувале како пушачи.

Дополнително, само 19,2 % од пушачите рекле дека се обиделе да се откажат од пушењето, што значи дека останува крупен процент на пушачи кои немаат намера или не можат да се откажат од цигарите. 

Промовирајќи производи со намален ризик по јавното здравје, БАТ успеала да се пласира меѓу 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

Свесни дека пушењето е штетно за јавното здравје и за околината, пушачите сè повеќе се свртуваат кон алтернативите без чад.


БАТ со 3 категории производи со намален ризик

БАТ во Македонија ја започна својата технолошка револуција, промовирајќи 3 нови категории со намален ризик и тоа: електронските цигари – VUSE, производите за загревање тутун – glo™  и никотинските ќесички – VELO.

„Нашите потрошувачи се во фокусот на сè што правиме и нашиот успех се должи на тоа што се насочуваме кон нивните барања, пришто им нудиме избор на продукти со намален ризик, преку:

  • Широк избор на висококвалитетни и стимулирачки производи за секое расположение и момент;
  • Брендови за коишто може да се уверени дека се изработени со висок квалитет и во безбедни стандарди;
  • Со намален ризик во споредба со продуктите со согорување;
  • Нудиме транспарентни, јасни и точни информации за релативните ризици, засновани врз науката и 
  • Водиме одговорна маркетинг кампања која не ги вклучува и не се однесува на младите луѓе“ – нагласуваат од БАТ.

Електронски цигари VUSE

Постои зголемен консензус меѓу голем број на претставниците на јавното здравје дека вејпинг продуктите (електронските цигари) се значително помалку ризична алтернатива на пушењето.

Овие тврдења се поткрепени со голем број студии и извештаи во светот.

Од БАТ се повикуваат на извештаите од експертската јавност, кои даваат цврста поткрепа за намалениот ризик на нивните производи.

Во Обединетото Кралство, Јавното Здравство на Англија објавило низа експертски анализи засновани на различни анкети и извештаи со кое се заклучува дека:

„Врз основа на моменталните сознанија, вејпинг производите се за околу 95% помалку штетни од пушењето“.


Производи за загревање тутун - glo™

Со оглед на тоа што овие уреди го загреваат тутунот, наместо да го согоруваат, тие поседуваат потенцијал да бидат помалку ризични од пушењето.

Според истражување спроведено во Одделот за Здравство во Обединетото Кралство, луѓето што користат уреди за загревање на тутун се изложени на околу 50-90% помалку од „штетните и потенцијално штетните“ состојки, во споредба со конвенционалните цигари.

Исто така, според истражувањата, било утврдено дека „во споредба со цигарите, продуктите за загревање на тутун е многу веројатно дека помалку ќе ги изложуваат пушачите и на оние што се до нив на пониски нивоа на честички и штетни и потенцијално штетни состојки“.

Според истражувањата што ги спровел БАТ, во период од шест месеци, се покажало дека кај пушачите што целосно се свртеле кон користење на уредот gloтм, значително се намалила нивната изложеност на некои од најтоксичните состојки на чадот од цигари, а кај некои од нив било забележано дека ваквите нивоа се идентични како кај пушачите што престанале да пушат во целост.


Никотински ќесички VELO

Во Шведска има голем број научни докази, од истражувања спроведувани со децении наназад, коишто укажуваат на тоа дека употребата на „снус“, еден вид традиционален орален тутун е значително помалку ризична алтернатива на пушењето.

Ова беше нагласено и од американската FDA. 

Во 2019 година, оттаму формално потврдија дека целосното префрлање на снус производ, односно никотински ќесички, може да ги намали ризиците од рак на устата, срцевите заболувања, ракот на белите дробови, мозочен удар и хроничен бронхитис.

„Нашето сопствено истражување покажа дека нашите модерни орални производи имаат уште помалку и пониски нивоа на токсини отколку што се забележани кај снус, а токсиколошките студии покажаа дека модерните орални производи имаат уште помало влијание врз човечките клетки од традиционалниот снус“ – велат од БАТ.


Алтернативи со помал ризик за Подобро Утре™

Од сè што е кажано погоре може да се заклучи дека БАТ е компанија која нуди Подобро Утре™, не само за пушачите, туку и за јавното здравје.

Помалата изложеност на штетните токсини од цигарите и преку примарниот и преку секундарниот чад, ќе значи дека ќе се намалат несаканите ефекти како кај активните, така и кај пасивните пушачи: сопружниците на лицата пушачи и нивните деца.

Свесни за ваквите сознанија и за штетните ефекти што нивните навики го имаат врз јавното здравје и Македонците сè почесто одлучуваат традиционалното пушење да го заменат со продукти со намален ризик.

Влијанието што БАТ го има на нашиот пазар како компанија која нуди три продукти со намален ризик е големо и затоа тие со право се вбројуваат меѓу 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во МАкедонија. 

Тие им овозможуваат на возрасните пушачи да ја изберат онаа алтернатива што ним најмногу им одговара – вејпинг продукт (електронска цигара), уред за загревање на тутун или никотински ќесички.

Сите овие алтернативи придонесуваат кон тоа да се оствари сонот за Свет без чад и без штетните состојки предизвикани од традиционалното пушење. Тие им нудат помалку штетна алтернатива на сите оние кои чувствуваат грижа на совест за штетните последици што ги прават по јавното здравје, како и по здравјето на своите најблиски.

Достапноста на нивните производи на македонскиот пазар и во широката потрошувачка е тоа што ги прави нивните брендови меѓу најчесто избраните на нашиот пазар. 

Доволно е само да ја посетите нивната веб-страница за да се уверите дека сите производи што ги нудат се резултат на науката и долгогодишните истражувања. За секој производ има цврсто научо поткрепување и ве информираат за тоа што може да го очекувате доколку се одлучите за нивните производи, секако, врз основа на досегашните сознанија.


*Базирано на доказите и под претпоставка дека е настаната целосна замена од пушење цигари. Овие продукти не се без ризик и предизвикуваат зависност. Овој производ содржи никотин кој води до зависност. Само за полнолетни.

Мулти Шпед: Раст преку зелена логистика, доверба и меѓународни партнерства

Мулти Шпед ја гради својата логистичка моќ преку доверливи испораки, зелени инвестиции и стратешка соработка со компании како Militzer & Münch. Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, компанијата потврдува лидерство и во 2025 година.

ТДР Скопје со стабилен раст и зголемена профитабилност во трговијата со тутун

Во 2023 година, ТДР Скопје оствари приход од 3,11 милијарди денари и добивка од 22,3 милиони денари, бележејќи раст на приходите од 9,69% и значително зголемување на профитабилноста од 54,96%.

РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС со рекорден раст и влез во топ 50 најголеми компании во Македонија

Во 2023 година, РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС оствари приходи од 5,95 милијарди денари и профит од 279,8 милиони денари, влегувајќи во топ 50 најголеми компании во Македонија со рекорден раст.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт