Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

10те најуспешни компании во Македонија, Словенија и Хрватска во 2022 година

Ја дополнуваме претходната споредба на компаниите од Македонија, Словенија и Хрватска според вкупен приход, со споредба на компаниите од овие земји според добивка пред оданочување.

Разликите кои ги имаат остварено најголемите компании според вкупен приход беа доста големи, меѓутоа во однос на добивката пред оданочување забележуваме уште поголеми разлики. Па така, на пример, 10те најуспешни компании од Словенија оствариле дури 230,64% поголема добивка пред оданочување во 2022 година наспрема 10те компании од Македонија, додека разликата кај првата најуспешна компанија од двете земји е дури 234,24%.


Малку пониска, но сепак повеќе од двојно поголема добивка пред оданочување оствариле компаниите од Хрватска односно 10те најуспешни Хрватски компании, во 2022 година. Споредбено со Македонија, Хрватска има 161,09% поголема добивка пред оданочување, а пак првата најуспешна компанија од Хрватска остварила 147,42% поголема добивка од првата најуспешна компанија од Македонија. 


Во однос на дејностите кои се застапени кај овие 30 компании од трите земји, не може да се каже дека значително преовладува било која дејност, меѓутоа позастапени се производство, снабдување и трговијата со електрична енергија, трговија со фармацевтски производи, телекомуникации, производство и преработка на метали и други. 


Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт