Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

50те НАЈГОЛЕМИ компании во Хрватска за 2022

Години наназад, 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, покрај економската состојба во Македонија, прикажува и дел од состојбите во соседните држави.

Во едицијата може да се најдат споредбени табели за најголемите и најуспешните компании и за Хрватска и Словенија. Претставени се 50те најдобри компании според вкупен приход и според добивка пред оданочување, согласно официјални податоци превземени од тамошните служби. 

Хрватска економија е поразвиена од нашата, па така и очекувани се подобрите перформанси на компаниите, кои може да се видат во табеларниот приказ на 50те најголеми според вкупен приход, кој е прикажан во продолжение на текстот. 

Како најголема компанија се јавува компанијата од полето на работа со рафинирани нафтени производи, ИНА ДД од Загреб, која во 2022 година има остварен вкупен приход од 4,7 милијарди евра. За споредба, ова е речиси двојно поголем приход од прворангираната компанија во Македонија. 

Втора на листата е Прво Плинарско Друштво, лоцирана во Вуковар, со остварен приход од 4,4 милијарди евра. Ова е компанија за дистрибуција на гасовити горива. 

Потоа следи компанија од областа на електрична енергија, Хрватска Електропривреда, со приход од 2,5 милијарди евра, па понатаму е МВМ ЕНЕРЏИ со 1,7 милијарди денари, а на 5тото место е Конзум ПЛУС, чија дејност е трговија на мало со храна и пијалаци, во неспецијализирани продавници. Оваа компанија остварила 1,6 милијарди евра. 

Вкупниот остварен приход од страна на овие 50 компании во 2022 година изнесува 37,4 милијарди евра, а најнискиот износ е 251 милион евра кој го реализирала компанијата за производство на електрична опрема Кончар Дистрибутивни и Специјални Трансформатори од Загреб. 

Најзастапена дејност во рамки на оваа анализа е Трговијата на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалоци и тутунски производи, во која делуваат 5 компании кои оствариле приход од 3,2 милијарди евра вкупно. 


Повеќе за податоците на компаниите од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ прочитајте на овој линк.


Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт