Понеделник, 08 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

А1 Македонија - Сите услуги на едно место!

А1 е телекомуникациска компанија, фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби, не само на резидентните и на деловните корисници, туку и на секое модерно семејство.

А1 Македонија повторно, 8-ма година по ред, забележа свое место на листата на 200 најголеми и најуспешни компании. За 2022 година беа рангирани како 26та најголема компанија и 20та најуспешни компанија во Македонија. Остварија вкупен приход од 9.264.313.808 денари и притоа успеаа да го зголемат во однос на изминатата година од 7,88%

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

Во согласност со дигиталниот начин на живот, А1 Македонија е насочена кон обезбедување на најдобри телекомуникациски и дигитални решенија и нуди обемно портфолио на услуги. 

Услугите, коишто ги нуди компанијата, се целосно насочени кон потребите на корисниците, а опфаќаат услуги во мобилната телефонија, во фиксната телефонија, мобилен и оптички интернет, кабелска и дигитална телевизија, конвергентна понуда, којашто вклучува комбинирани пакети со сите услуги, како и напредни ИКТ-решенија.

Преку најсовремена, сопствена мрежа, А1 на корисниците, им овозможува целосна покриеност со 4G LTE мобилен интернет, насекаде во земјата и 4G+ во урбаните средини и покриеност на 99,8% од населението.

Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт