Сабота, 08 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АД Д-р. Пановски: Компанијата без која не може да функционира здравствениот систем

АД Д-р. Пановски продолжува со фазата на импресивен раст и експанзија на македонскиот фармацевтски пазар. Како котира компанијата во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
АД Д-р. Пановски: Компанијата без која не може да функционира здравствениот систем

Кога пациент ќе влезе во болница, кога лекар ќе препише болничка терапија или кога во операциона сала ќе биде потребен специфичен медицински инструмент, ретко кој размислува за сложениот систем што стои зад нивната навремена достапност и за тоа како тие производи стигнале до медицинската установа.

Повеќето луѓе вниманието го насочуваат кон лекарите, медицинските сестри и фармацевтите, но зад нив постои уште една, речиси невидлива, но исклучително важна алка – компаниите кои што ги обезбедуваат лековите, медицинските помагала и дијагностичката опрема и вложуваат напори тие секогаш да пристигнат навремено таму каде што се најпотребни.

Токму таква улога повеќе од три децении има АД „Д-р Пановски“, компанија која израсна во еден од лидерите во дистрибуцијата на фармацевтски производи и медицинска опрема во Македонија, чијашто главна дејност е трговија на големо со фармацевтски производи.

Иако оваа компанија не произведува лекови како некои од најдоминантните компании во фармацевтската индустрија во Македонија, нејзината улога е подеднакво значајна.

Затоа што јасно е дека без сигурен систем за снабдување со медицински и фармацевтски производи, здравствените установи не би можеле да функционираат, а современото здравство би било незамисливо.

Квалитетот на услугите во македонското здравство во голема мера зависат и од квалитетот на производите што се користат во медицинските установи и операционите сали и токму тука се огледува значајната улога на компанијата АД „Др. Пановски“.

Табла со брендови соработници на АД Д-р Пановски

Успешен бизнис модел за позитивни финансиски резултати

За разлика од другите играчи во фармацевтскиот сектор АД „Д-р. Пановски“ нема развиена мрежа на аптеки, туку е сконцентрирана само на достава на големо на фармацевтски производи – што се покажа како исклучително успешен модел на работење ако се земат предвид финансиските резултати.

Според податоците објавени во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, во 2024 година АД „Д-р Пановски“ оствари добивка пред оданочување од 285.761.022 денари, што претставува раст од импресивни 56,21 проценти во споредба со претходната година.

Истовремено, компанијата оствари вкупни приходи од 2.816.675.099 денари, што е зголемување за 24,24 проценти во однос на претходната година, а во текот на годината просечно вработувала 64 лица.

Со овие резултати компанијата се најде на 73. место меѓу најуспешните компании во Македонија, додека според приходите е рангирана на 114. место на ранг листата на најголемите компании, потврдувајќи ја својата стабилна позиција во домашната економија.

Инаку, овие финансиски резултати укажуваат дека компанијата го продолжува својот тренд на забрзан раст и развиј, којшто беше забележителен и претходната 2023 година, кога АД „Д-р. Пановски“ оствари раст на приходите од 42,65 проценти и раст на добивката пред оданочување од 31,14 проценти.

Табела со финансиски податоци

Повеќе од три децении доверба

АД „Д-р Пановски“ е основана во 1991 година и денес претставува една од најпрепознатливите компании во областа на големопродажбата на фармацевтски производи и медицинска опрема.

Во текот на своето работење компанијата постепено ја прошируваше дејноста, инвестирајќи не само во современи магацински капацитети, туку и во логистички системи, транспорт, ладен ланец и специјализирани процеси за складирање и дистрибуција, кои се неопходни кога се работи со таков специфичен вид на производи.

Со текот на годините таа прерасна во партнер на голем број здравствени институции, болници, клиники и аптеки низ Македонија, обезбедувајќи навремена испорака на лекови, медицински материјали и високософистицирана медицинска опрема.

Токму континуитетот и довербата се едни од најважните причини поради кои компанијата успева повеќе од три децении да биде значаен дел од македонскиот здравствен систем.

 

Многу повеќе од класична дистрибуција

Работата на една современа фармацевтска дистрибутивна компанија одамна не се сведува само на транспорт на лекови од магацин до купувач.

Современите стандарди бараат прецизно следење на секој производ, строго контролирани температурни услови, сертификати за квалитет, следливост на секоја пратка и целосна усогласеност со европските регулативи.

Тоа значи дека секој производ мора да биде складиран, транспортиран и испорачан во точно определени услови, без прекин на ладниот ланец таму каде што тоа е неопходно.

Компанијата инвестира токму во вакви системи, што ѝ овозможува да обезбеди сигурна испорака и за најчувствителните фармацевтски производи.

 

Партнерства со светските лидери во фармацијата

Дополнителна потврда за кредибилитетот на компанијата се партнерствата со некои од најголемите светски производители на лекови, медицински помагала и дијагностичка опрема.

Меѓу нив се Roche, Takeda, Zentiva, Siemens Healthineers, Abbott, Becton Dickinson, Zimmer Biomet, Aesculap, Sysmex и бројни други меѓународни компании чии производи се користат во секојдневната работа на здравствените установи.

Ваквите партнерства не се градат преку ноќ. Тие претставуваат резултат на долгогодишно исполнување на највисоките стандарди за квалитет, безбедност, логистика и професионално работење.

Истовремено, тие им овозможуваат на македонските здравствени институции пристап до современи медицински технологии и производи кои се користат и во најразвиените здравствени системи во светот, а и обезбедување на сите помагала и производи кои се тренд во развиените европски земји и САД.

Задоволството и успехот на нашите деловни партнери е наш успех. Успехот на  Д-р. Пановски е синергија, позитивен став, визија и лидерски и организациски вештини. Систематски го следиме задоволството на нашите корисници и горди сме на довербата што ја стекнаа нашите долгорочни деловни партнери кои ни покажуваат дека ја препознаваат нашата желба да ги исполниме нивните барања и потреби во најкус можен рок“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб страница.

Лого со аптеката на АД Д-р Пановски

Раст на добивката како показател за ефикасност

Еден од најинтересните финансиски показатели за 2024 година, а и за 2023 година е фактот што добивката расте значително побрзо од приходите.

Во економската практика, ваквиот тренд најчесто укажува на подобрена оперативна ефикасност, оптимизација на трошоците и подобро искористување на постојните ресурси.

Тоа покажува дека компанијата не се потпира исклучиво на зголемување на обемот на продажба, туку успешно ја подобрува профитабилноста преку организација, логистика и рационално управување со процесите.

Особено е значајно што вакви резултати се постигнуваат во период кога здравствениот сектор сè уште се прилагодува на промените во глобалните синџири на снабдување, растот на транспортните трошоци и постојаните барања за повисоки стандарди на квалитет.

 

Компанија што придонесува за здравствената сигурност

Улогата на АД „Д-р Пановски“ одамна ги надминала рамките на класична трговска компанија.

Со секојдневната дистрибуција на лекови, медицински помагала, лабораториска опрема и современи медицински технологии, компанијата директно придонесува за функционирањето на здравствениот систем во Македонија.

Во пракса, тоа значи дека зад секоја успешно изведена операција, секоја лабораториска анализа или секоја навремено започната терапија стои комплексен логистички процес што мора да функционира беспрекорно.

Токму затоа, ваквите компании ретко се во центарот на вниманието на јавноста, но нивната улога е суштинска за функционирањето на здравствениот систем.

 

Потврда за стабилен и одржлив развој

Финансиските резултати за 2024 година, растот на добивката од над 56 проценти и високото место меѓу најуспешните македонски компании покажуваат дека АД „Д-р Пановски“ успешно ја продолжува својата развојна стратегија.

Но, можеби уште поважен од финансиските показатели е фактот што компанијата повеќе од три децении успева да ја задржи довербата на здравствените институции и на најголемите светски фармацевтски компании.

Во сектор каде што секое доцнење, секоја грешка или прекин во синџирот на снабдување може директно да влијае врз здравјето на пациентите, довербата е највредниот капитал што една компанија во фармацевтскиот сектор може да го изгради.

Токму затоа, приказната за АД „Д-р Пановски“ не е само приказна за успешни финансиски резултати.

Таа е приказна за компанија која секојдневно работи зад сцената, но без која современиот здравствен систем би функционирал значително потешко.

Од магацин до операциона сала, од лабораторија до болнички оддел, нејзината работа претставува тивка, но неопходна поддршка на македонското здравство – улога што ја прави еден од најзначајните партнери на здравствениот сектор во земјата.

Токму заради овие причини АД „Д-р. Пановски“ со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Иако нејзината дејност не е премногу широко промовирана со реклами и ПР кампањи, нивната квалитетна беспрекорна работа и довербата што ја градат кај клиентите и партнерите е најдобрата промоција за нивната работа – како тивок партнер во развојот на современото македонско здравство.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт