Вторник, 25 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АД Д-р Пановски - Синоним за европски стандарди во естетската медицина

На македонскиот пазар постои голем избор на дермални филери, но „Д-р. Пановски“ ги носи најдобрите. Продажбата на првите филери со сертификат за безбедност од ЕУ е уште еден доказ за квалитетот.
АД Д-р Пановски - Синоним за европски стандарди во естетската медицина

АД „Д-р. Пановски“ е еден од клучните играчи во здравствениот и фармацевтскиот пазар во Македонија. Компанијата се занимава со увоз на висококвалитетни лекови и медицински помагала во македонското здравство, а постојано ги следи трендовите и побарувачката.

Повеќе од 20 години член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Компанијата е дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, од самите почетоци на проектот во 2003 година.

Во 2023 година е рангирана на 125. место на листата на најголеми компании во Македонија, а на листата на најуспешни е рангирана на 105. место. 

Увозот на најквалитетни производи за естетска медицина се само дел од колачот, но и причина плус за успехот на компанијата.

Нови стандарди во неинвазивните естетски методи во Мaкедонија

Нагласени усни со природен изглед, без естетски зафат.Коригиран нос, измазнети брчки на лицето, младешки изглед без да одите под нож.

Желбата за одржување на младешкиот изглед е стара колку што е старо и човештвото, но во последните години со достапноста на неинвазивните методи, се чини дека трендот за вакви естетски корекции зема сè поголем замав, во светски рамки, но и кај нас.

Доволно е само да се разгледа македонскиот пазар и да се забележи дека во нашата земја има сè поголем број лица коишто нудат вакви услуги, но пред да се одлучите за ваков чекор, пред сè е многу важно да направите и една анализа и да се информирате каков тип на производ ќе ви биде вбризган во телото.

АД „Д-р. Пановски“, кои со години наназад увезуваат висококвалитетни медицински производи наменети за македонското здравство, во псоледниот период наметна нови стандарди и во естетската медицина во Македонија.

Преку увоз на висококвалитетни производи од областа на неинвазивната естетска медицина оваа компанија даде свој придонес за развојот на оваа област, следејќи ги светските трендови и практики.

Дермални филери со докажан европски квалитет

АД „Д-р. Пановски“ со години наназад гради партнерски односи со некои од европските и светските гиганти во областа на медицината и фармацијата, а кога требаше да направи пробив на македонскиот пазар со производи за неинвазивна естетска медицина, повторно довербата им ја додели на најдобрите.

Компанијата Chroma-Pharma чиишто производи АД „Д-р. Пановски“ ги увезува и ги пласира на македонскиот пазар, се смета за лидер на европскиот пазар на производи за неинвазивна естетска медицина.

Доказ за тоа е и тоа што во 2023 година, филерот Saypha®RICH на Chroma-Pharma беше прв производ од ваков тип што доби одобрение за користење, откако ЕУ преку Регулативата за медицински уреди за естетски третмани (MDR) воведе построги правила за користењето на овие продукти.

Ваквото одобрение е гаранција за квалитет на производите, безбедност на пациентот и ефикасноста на третманите со нив.

Chroma поставува нови стандарди на полето на естетската медицина со одобрението на MDR за нашите дермални филери.

Горди сме што сме првата компанија во индустријата која успеа да докаже дека нејзините производи се во согласност со строгите барања на новата Регулатива за медицински уреди на ЕУ.

Овој сертификат е важен чекор напред во историјата на нашата компанија и истовремено ја потврдува нашата посветеност да им обезбедиме на нашите клиенти најбезбедни и најквалитетни производи.

Ова одобрение потврдува дека нашите производи ќе бидат достапни и по 2028 година и истовремено ја потврдуваат нивната присутност како на европскиот, така и на светскиот пазар“ – изјави Андреас Принц, директорот на менаџмент на компанијата, во соопштението што Chroma-Pharma го упати до јавноста.

Набрзо потоа, овој автриски гигант поднесе барање од истото регулативно тело и доби исто одобрение за сите останати производи врз база на хијалуронска киселина коишто се нудат под името Saypha.

Користењето на квалитетни филери во естетската медицина е она што прави вистинска разлика во третманот, и АД „Д-р. Пановски“ уште еднаш покажаа дека нивната главна цел е задоволување на потребите на пациентите преку пласирање на различни видови на најбезбедни и најквалитетни медицински производи.

Широк спектар на производи за подобри резултати

Покрај филерите од различни типови, на македонскиот пазар АД Д-р. Пановски донесе и други производи од широката палета на Chroma-Pharma, Saypha, како мезотерапевтски коктели и маски за освежување на лицето.

Со тоа, уште еднаш, оваа македонска веледрогерија покажа дека е во чекор со времето и има намера да ги следи и да ги донесе иновациите во светската медицина и на македонскиот пазар.

Благодарение на ваквото посветено работење, резултатите и успшеноста се неминовни.

Поради, ваквиот иновативен начин на работење компанијата ја заврши 2023 година со раст на добивката од 42,65 отсто.

Компанијата во 2023 година остварила приход од 2.267.070.394 денари, со вкупна добивка пред оданочување од 182.935.294 денари.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт