Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АЛМА – М, 20 години во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Алма – М е компанија основана во 1991 година во Скопје и првично се занималавала со увоз и извоз на стоки за широка потрошувачка. Откако во 1996 година го проширува својот асортиман, компанијата се шири и на пазарот во Косово и отвора свое претставништво таму.

Денес, Алма – М располага со имоти од 30.000м2 каде се сместени административната зграда и магацините, а компанијата располага и со инфраструктура за висококвалитетно и економично логистичко работење. 




Уште од 2003 година Алма – М секоја година се рангира на листите на 200те најголеми и најуспешни компании во Македонија, па така компанијата не изостана ни од последните рангирања за 2021 година кога оствари зголемување на добивката пред оданочување од 116,44% и зголемување на вкупните приходи за 20,21%.




Ваквите позитивни резултати значително влијаеа на рангирањето на компанијата и ја кренаа помеѓу првите 100 најголеми и првите 100 најуспешни фирми за 2021 година, додека во рамки на дејноста се најде на 1во место според добивката пред оданочување и 2ро место според вкупните приходи. 

Повеќе информации за компанијата и детали за нејзиното работење како и податоците од претходните години може да најдете на профилот на Алма – М. 


Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт