Станува збор за градежен бренд чии недвижности се асеизмички тестирани, енергетско ефикасни, звучно изолирани, а овие иновации во градежништвото, компанијата ги воведе неколку години пред да почнат да се земаат предвид со законските регулативи.
Денес, Адора инженеринг е синоним за изградба на цврсти, асеизмички стабилни домови со стандардизиран квалитет, според најновите трендови во високата градба.

Земјотресот во Турција од пред неколку години кој срамни со земја цели згради и однесе голем број човечки животи, беше шлаканица како за тамошните градежни компании, така и за населението кое сè повеќе почна да ја сфаќа важноста од инвестирање во квалитетен, асеизмички тестиран и безбеден простор.
Во овој поглед Адора Инженеринг, е компанија која уште пред повеќе од деценија ја сфати важноста од преземањето на ваквите безбедносни мерки, па спроведе нужни методи со цел на своите идни клиенти да им обезбеди докази за квалитетот на градбите што ги нуди.
Покрај тоа што компанијата досега има добиено голем број меѓународни признанија и има огромен број на успешно реализирани проекти, Адора Инженеринг уште во 2014 година презеде мошне важен чекор и го трасираше патот по кој треба да се движат сите оние кои што сакаат да изградат успешен бизнис и да се етаблираат меѓу најуспешните македонски градежни компании.

Асеизмичките тестирања се збир на инженерски анализи и лабораториски испитувања со кои се проверува способноста на една градба да издржи сеизмички оптоварувања (земјотреси) без сериозни оштетувања или колапс.
Адора Инженеринг е прва компанија која во самостојна Македонија, врвната сеизмичка стабилност на објектите ја докажа со вештачки земјотрес, во соработка со реномираниот Институт за земјотресно инженерство и земјотресна сеизмологија – ИЗИИС.
„Првиот симулиран потрес реализиран во 2013 година, на 50 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, со јачина од 5 степени според Европската макросеизмичка скала и следните потреси не предизвикаа никакви оштетувања, ни пукнатини на објектите.
Високата геомеханичка стабилност на нашите објекти, (од 80 до 105 Mpa) се должи на дебелината на армирано-бетонската плоча (до 155 cm), високиот процент на вградено железо, арматура и бетон во конструктивниот систем и на цврстината на бетонот (од 35 до 50 МБ), што ја надминува проектираната јакост“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб страница.
Овој податок е мошне важен, ако се земе предвид дека Адора Инженеринг гради градби во Македонија, Србија и Грција, земји кои припаѓаат на сеизмичко активна зона.
Оттаму нагласуваат дека високиот квалитет на недвижностите кои ги нуди компанијата е резултат на следењето и примената на светските стандарди и актуелни трендови во високата градба, современите технологии и сертифицирани материјали од афирмирани брендови и иновативните решенија, во што компанијата е предводник во државата и регионот.

Адора не продава само m² станбен простор, туку домови со траен и долгорочен квалитет и комплетен комфор од сите аспекти, еко, светлосен, топлински и акустичен, чии придобивки за безбедно, квалитетно, економично, здраво и пријатно домување, ги уживаат повеќе генерации граѓани.
Адора инженеринг е добитник на највисоката награда „Македонски квалитет 2018“ за долгорочно унапредување на квалитетот и традицијата во создавање и одржување на национален бренд.
Иновациите во концептот на домувањето и постојаното подобрување на квалитетот, стилот и дизајнот, во функција на позадоволни клиенти, е приоритет на компанијата со децении.
Доказ за тоа е и фактот што овој македонски градежен бренд уште во 2006-та година ги воведе енергетски ефикасните домови, во време кога тоа не беше законски регулирано во регионот.
Објектите Адора Flatiron и Адора Diamond Garden се добитници на интернационалната награда The Bizz 2016 во Монте Карло, за иновативност во стилот и квалитетот на домувањето од Светската бизнис конфедерација.
Уште еден важен податок е што за првпат во Македонија, во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden е воведен систем на одлична звучна изолација до 53 db – измерен индекс за намалување на звукот R’w=53 db.

За прв пат во Македонија е верифицирана звучната изолација со сертификат за акустични својства од светскиот бренд со 350 годишна традиција, RIGIPS (SAINT GOBAIN).
Освен тоа, Адора инженеринг е пионер во воведувањето и лидер во унапредувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија.
Компанијата го изгради првиот енергетски ефикасен објект кој го доби првиот издаден сертификат за енергетски карактеристики на згради А-класа во Македонија. Енергетската ефикасност постојано се подобрува и усовршува на секоја новоизградена зграда.
Иновативноста и квалитетот – клучни фактори за континуиран раст меѓу НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИТЕ компании во Македонија
Во 2024 година Адора Инженеринг се најде на 71. место на ранг листата на најуспешни македонски компании, со што уште еднаш покажа дека се наоѓа на врвот во рангирањето на најуспешните градежни компании во Македонија.

Компанијата, според податоците од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, остварила вкупен приход од 426.631.076 денари и добивка од оданочување од 288.232.945 денари.
Процентуално, компанијата бележи раст на добивката пред оданочување од 35,85%, поради што обезбеди скок од 18 позиции нагоре во однос на рангирањето на најуспешните македонски компании.
Адора е компанија која со децении наназад докажува дека има намера да остане цврсто позиционирана како лидер во високоградбата, кај нас и во регионот, а доказ за тоа се големиот број квалитетно реализирани проекти.
Во услови на сеизмички активен регион, инвестирањето во асеизмички тестиран, енергетски ефикасен и звучно изолиран дом не е луксуз, туку долгорочна инвестиција во сигурност и квалитет на живот. Адора Инженеринг токму тука ја гради својата конкурентска предност.
15-01-2026
13-01-2026
22-12-2025
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт