АДОРА ИНЖЕНЕРИНГДООЕЛ, како и очекувано, повторно се најде на листата на 200 Најуспешни компании во Македонија. За 2022 година успеаа да го заземат 37то место на листата
на најуспешни, рангирани според вкупната добивка пред оданочување. Вредно е да
напоменеме дека забележија скок од дури 41 места во споредба со годината пред неа.
Заклучно со тоа ја зголемија и својата добивка за 144,90%.
Со потписот на Адора се 40 изградени репрезентативни станбено-деловни објекти во Македонија, Србија и Грција, со вкупна површина од 400.000 m², во кои се инвестирани над 415 милиони евра. Над 3000-те домови во „Адориниот град“ се дело на над 500 вработени, во кои среќно живеат и работат 13.000 граѓани.
Како најнов проект кој е пуштен во употреба во 2023 година може да се спомене комплексот на Златибор, автентичниот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora. Тој воедно претставува и нивни прв пионерски проект во Србија.

Покрај примарната дејност во градежниот сектор – висока градба, со проектирање, инвестирање, изградба и продажба на недвижности во Македонија и меѓународни рамки, истражувајќи други полиња за бизнис иницијативи, Адора изврши деловна диверзификација и во други економски и географски сфери, како што се: банкарско-финансиски сектор, акционерска сопственост во реномирани компании во Македонија и на интернационалните пазари, фармацевтска индустрија, енергетски сектор.
14-04-2026
14-04-2026
05-04-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт