Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Анализа на индустријата за производство на фабрикувани метални производи

Изготвивме кратка анализа на индустријата за производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема.

Подолу може да се види табела за последните пет години која ги прикажува компаниите од оваа дејност кои биле во 200 најголеми според вкупен приход, нивните приходи и рангови во дадените години.



 

Забележуваме дека нема огромни промени низ годините во однос на тоа кои компании од оваа индустрија влегуваат во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Единствената константна компанија која секоја година се повторува е БРАКО ДОО од Велес. За неа забележително е тоа дека во 2021 година го има остварено највисокиот приход од изминатите пет години. Освен тоа што секоја година се рангира во 200 најголеми, БРАКО е речиси секоја година и прва компанија во својата индустрија, освен во 2018 и 2019 кога водството го превзема штипската компанија АКТИВА. Несомнено е дека овие две компании се најдобрите во својата дејност.

Потоа следат ФАКОМ ДОО од Скопје, Еуроедил-Холдинг ДООЕЛ од Ростуше и Но-Ма Метал ДООЕЛ од Охрид. 


Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт