Диверзифицирано портфолио на услуги, стратешки партнерства со познати брендови, професионален тим.
Сето ова направи ДАУТИ-КОМЕРЦ во овие 30 години да стане лидер во дистрибуцијата на големо на продукти за широка потрошувачка, кај нас и во регионот и да стане дел од семејството на Топ компании во Македонија.

ДАУТИ-КОМЕРЦ, како идеја настанала уште во далечните турбулентни 90 години на минатиот век, како семејна компанија, која потоа прераснала во Акционерско Друштво.
Денес е лидер во областа на дистрибуција на продукти за широка потрошувачка во Република Северна Македонија и во регионот, односно во Косово, Црна Гора и Албанија.
Освен што има силна позиција во регионот, ДАУТИ-КОМЕРЦ извезува производи и во голем број европски земји како Шведска, Швајцарија, Германија, Франција, Италија, Чешка, Австрија, Србија и Босна и Херцеговина.
Примарно ориентирана како компанија којашто врши дистрибуција и продажба на продукти од увозни и домашни брендови во земјата и во странство, ДАУТИ-КОМЕРЦ низ годините го диверзифицираше своето портфолио на дејности.
Па така, освен со примарната дејност, компанијата денес има свои дивизии за кетеринг услуги, за пакување на зрнести производи и пакување мед, за откуп, складирање, репарирање и продажба на палети, како и за откуп и третман на отпад од амбалажа.

Во голем број маркети во Македонија на рафтовите може да најдете пакувани производи од ДАУТИ-КОМЕРЦ.
Шеќер, грав, пуканки, нишесте... Во секторот за пакување на ДАУТИ-КОМЕРЦ по најсовремени стандарди се пакуваат над 70 различни производи со различна грамажа.
Производите кои биле спакувани во оваа компанија се препознатливи во логото DAUTI.
Според информациите објавени од компанијата, во овој оддел на компанијата месечно се пакуваат од 150 до 180 тона производи, бројки што воопшто не се за потценување и коишто придонесуваат за успешниот раст на компанијата.
Овој сектор на компанијата почнал со работа уште во 2011 година, и повеќе од една деценија забележува успеси.
Производите што се пакуваат во овој сектор, според ISO, HACCAP и HALLAL стандардите се продаваат на повеќе пазари.
Околу 75 отсто од овие производи се наменети за македонските маркети и продавници, а другите 25% се наменети за сестринските компании на ДАУТИ-КОМЕРЦ во Косово, Црна Гора и Албанија, но дел од нив завршуваат и на европските пазари во Германија, Италија и Швајцарија, како и во САД.
За успешноста на една компанија најмногу зборуваат бројките и резултатите. Па така во 2023 година ДАУТИ-КОМЕРЦ на листата на најголеми компании е рангирана на 63. место, на листата на најуспешни компании, се најде на 155. место.
Во 2023 година ДАУТИ-КОМЕРЦ оствари вкупен приход од 4.452.665.949 денари, со добивка пред оданочување во износ од 139.368.695 денари.
Пронцентуално, растот на добивката пред оданочување во споредба со претходната година е од 34,89%, а растот на вкупните приходи е од 20,44%.
Компанијата веќе 30 години успешно ја гради својата приказна под мотото „Традициjа, Доверба и Безбедност“, а уште од далечната 2005 година е дел од семејството на 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија.
Лојалноста и истрајноста се клучни принципи врз кои функционира оваа успешна приказна: лојалност кон потрошувачите, кон партнерите, но и кон вработените.
Компанијата поседува голем број сертификати кои гарантираат за квалитетот на производите и услугите што ги добиваат потрошувачите.
Современите дистрибутивсни центри, опремени со квалитетни возни паркови, сопствена бензинска пумпа, сервис и други услуги за по експедитивно функционирање, создаваат уште поголема доверба кон партнерите.
Па затоа воопшто не зачудува фактот што ДАУТИ-КОМЕРЦ соработува со голем број познати брендови како „Алкалоид“, „Meggle“, „Divela“, „Intesa“ итн.
Во ДАУТИ-КОМЕРЦ се води сметка за секој клучен сегмент од бизнисот, а кога својот рецепт за успех го базирате врз вистинските принципи, тој е неминовен.
Тоа е успешна приказна која служи како пример дека со вистинската визија и идеја може да се изгради компанија и на мал пазар како македонскиот, која понатаму ќе има големо влијание како во Регионот, така и на глобално ниво.
ДАУТИ-КОМЕРЦ е приказна која продолжува да се пишува, а за неа уште многу ќе читаме низ годините.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт