Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Диверзифицирана компанија со висока репутација - Актива ДОО

Со вкупен приход од 2,3 милијарди денари и добивка пред оданочување од 133 милиони денари, Актива ДОО ја заврши 2022 година и се рангираше како 121ва најголема и 133 најуспешна компанија.
Диверзифицирана компанија со висока репутација - Актива ДОО

Компанијата е основана во 1999 година во Штип, а нејзиното портфолио вклучува диверзифицирани активности во полето на градежништво, услуги за проектирање и производство на челични конструкции и производство на метални компоненти за автомобилска индустрија, железница и друга индустриска опрема.

Стручниот тим на Актива, од областа на проектирање, изготвува комплетни проектни документации и решенија кои се во согласност со барањата на клиентите и со стандардите, нормативните и позитивните прописи за проектирање и архитектонско обликување на зградите. Речиси сите фази од процесот на проектирање се изготвени од тимот на Актива, а многу мал дел во соработка со надворешни соработници од други компании. Потоа, тука е и опременоста на компанијата со сопствена опрема и машини за ископ и работа со земја.


Актива располага и со сопствени производствени капацитети за изработка и монтажа на челични конструкции како и со најсовремена опрема за заварување и обработка на метал. Потребите  на работењето на Актива доведоа до изградба и на нов, модерен погон за производство и обработка на челик во 2018 година, каде што се пресели и компанијата. Овој нов погон има капацитет од над 1000 тони месечно.

Една понова гранка во работењето на Актива е Актива Аутомотив која почнува со работа во 2014 година а е насочена кон производство на компоненти за автомобилската индустријa, а опфатени се и услуги за дизајн и обложување. Некои од услугите кои ги нуди Актива Аутомотив се: ласерско сечење, виткање, заварување, пескарење и рачно пескарење, премачкување итн.

 

Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, податоците и повеќе детали за компанијата може да ги најдете тука.


АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт