Вторник, 25 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Dm drogerie markt Македонија - над 13.500 производи по секогаш поволна цена

Dm drogerie markt важи за еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа, а од пред 12 години влезе и на македонскиот пазар и тоа со продавници во повеќе македонски градови.
Dm drogerie markt Македонија - над 13.500 производи по секогаш поволна цена

Освен што важи за една од најголемите компании на нашите простори според остварените финансиски резултати, ДМ Македонија е исто така и прв избор на илјадници граѓани кои секојдневно пазаруваат таму и ги задоволуваат своите потреби од широкиот асортиман на ДМ продавниците. 

Асортиманот на ДМ се состои од повеќе од 13.500 производи и тоа од разни сегменти како што е шминка, нега на кожа и коса, парфеми, додатоци во исхрана, органска храна, производи за бебиња и деца, производи за домаќинство како и храна и додатоци за домашни миленици. Интересно е тоа што ДМ освен што работи со разни познати брендови од странство, има и сопствени трговски марки но исто така соработува и со домашни производители и продава производи од домашни потекло кои се со долгогодишен докажан квалитет.


Над 400 домашни производи, уредно означени може да се најдат на полиците на ДМ Македонија. Меѓу нив се производи од добро познатите македонски производители Виталиа, Алкалоид, Бонита, Грин Фуд, Биоплант и други.

Портфолиото на сопствени трговски марки кои ДМ ги продава и на кои се посветува посебно внимание да бидат со висок квалитет, произведени по најсовремени стандарди и кои се што е можно поповолни за животната средина е составено од производи од повеќе сегменти. Меѓу нив се Alverde, Babylove, Balea, Denkmit, dmBio, Jessa, Dontodent, Ebelin и уште многу други. 


Ексклузивни брендови кои им се достапни на македонските граѓани во ДМ продавниците се Neogen, Marc Anthony, Maui, Ariul, Lassie’el, Revolution, MBeauty, Q+A и It’s skin. Исто така, може да се најдат и производи од други светски познати брендови како што се на пример Ziaja, Colgate, L’oreal Paris, Nivea, Nacomi  и многу други. 

Она што е сигурно е дека во продавниците на ДМ Македонија може да се најде се што е потребно за одржување на едно домаќинство како и за лична нега и хигиена. Повеќе за компанијата и  нејзиното работење на македонскиот пазар може да најдете на овој линк.


АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт