Среда, 22 Јули 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Државна Лотарија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Државна Лотарија е компанија во државна сопственост која организира игри на среќа на територијата на Македонија.
Државна Лотарија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Компанијата претставува докажан бренд и општествено одговорна компанија која постојано инвестира во својот развој и активно придонесува за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните. Станува збор за компанија која во своето работење ги практикува најсовремените светски стандарди во својата област на делување и применува најсовремена технологија. 



Државна Лотарија исто така е членка на Европската асоцијација на лотарии, а тоа и овозможува редовна размена на искуства со лотариите од Европа и директно го подобрува работењето на компанијата.

Низ годините компанијата бележи континуиран раст и развој, што може да се забележи и од податоците со кои располага 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Државна Лотарија е една од државните компании која е рангирана во 200те најуспешни компании, а за прв пат влегува во листите во 2017 година и тоа на високото 96 место со добивка од 117 милиони денари. Веќе во наредните години успехот е се позабележителен, па така Државна Лотарија е веќе рангирана како 31ва најуспешна компанија во Македонија за 2021 година со добивка пред оданочување од над 365 милиони денари. 

Во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ се опфатени многу податоци и информации за компаниите кои се достапни за читателите на профилите на компаниите. 


Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид одамна не е само домашен фармацевтски лидер. Анализа на извозната стратегија, инвестициите и меѓународната експанзија на една од најголемите македонски компании.
ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

Финансиска анализа на ЕМША ШПЕД ДООЕЛ Неготино за периодот 2020–2024 година: приходи, добивка, оперативна ефикасност и позицијата на компанијата во секторот за меѓународен транспорт.
ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

Анализа на финансиските резултати на ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип за периодот 2020–2024: раст на приходите, добивката, бројот на вработени и позицијата меѓу најголемите компании во Македонија.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт