Благодарение на фокусираноста за задоволство на клиентите и постојаната свесност за барањата на пазарот во соодветност со европската и глобалната легислатива во нивниот сектор, ЕРИ ЦОРПОРАТИОН како бренд забележува голем раст низ годините.
Поседувањето на голем број сертификати за квалитет се само причина плус заради која ЕРИ Цорпоратион успева да испише позитивна историја во македонскиот бизнис сектор.
Мора да се напомене, дека ова е првата компанија од Македонија, која се стекна со Eurovent сертификатот за квалитет, чекор што значеше значително подобрување на работата на компанијата.
Во 2023 година, ЕРИ Цорпоратион ДООЕЛ се рангира на 54. место на листата на најуспешните компании во Македонија.
Со вкупна добивка пред оданочување од 293.362.661 денари, или процентуално, раст на добивката од 4,72%, компанијата излезе од турбулентниот период, што во претходните две години го одбележа работењето на компанијата.
Благодарение на ваквиот тренд, компанијата забележа скок од 14 места на ранг листата на најуспешни компании во Македонија.

ЕРИ ЦОРПОРАТИОН e компанија во која главен фокус се става на иновативноста, промената и напредокот.
Тоа е компанија која е тесно поврзана со постојаните и брзи технолошки напредоци, кои имаат длабоко влијание врз квалитетот на живот денес.
„Нашата главна сила се темели на професионалноста на нашиот тим.
Ние сме тим од високо обучени специјалисти кои темелно ги разбираат деталните потреби на клиентите — луѓе на кои можете да им верувате дека ефикасната услуга за клиентите секогаш ќе биде на прво место.
Овие професионални квалитети ги надополнуваме со континуирани инвестиции во нови производни линии, усогласени со најновите меѓународни трендови и технологии“ – наведуваат во компанијата.
Како компанија чијашто примарна дејност е производство на модерни рекуперативни и регенеративни топлотни изменувачи наменети за вентилациони системи во резиденцијални и индустриски објекти, јасно е дека производите на ЕРИ ЦОРПОРАТИОН освен што се стремат кон енергетска ефикасност, нивната главна особеност е и заштитата на животната средина, но и подобрувањето на квалитетот на живот.
Компанијата секоја година инвестира во истражување и развој, кое за главна цел има подобрување на условите во животната средина.

Благодарение на иновацијата и развојот, производите на ЕРИ ЦОРПОРАТИОН денес се едни од најпознатите при изградбата на модерни системи за вентилација во домаќинствата и бизнисите.
Дополнително, компанијата е еден од водечките произведувачи во Европа на алуминиумски плочести разменувачи на топлина со спротивен проток, кои се погодни за вградување, како во домовите, така и во големи индустриски капацитети.
Нивните уреди овозможуваат околу 93% од топлината во издувните системи да се пренасочи во системите за внес на воздух, без притоа да ги врати мирисите и влажноста во воздухот.
„Внатрешниот воздух е полн со голем број штетни нечистотии: прав и нечистотии во домот, инсекти и бактерии што пренесуваат болести, пареа од уредите, мириси од кујната. И сето ова го вдишувате...
Сите овие фактори влијаат врз нашето здравје и заради тоа мошне често можно е да чувствуваме главоболки, недостаток на енергија и сл, а главен виновник за тоа е лошиот квалитет на воздухот што го вдишуваме.
Токму заради тоа, неопходно е во секоја просторија да има соодветни вентилациски системи, кооишто треба да креираат погодни услови во кои ќе се чувствувате пријатно. Компанијата ЕРИ Цорпоратион ви помага да обезбедите чист и здрав воздух благодарение на воздушните разменувачи на топлина и опремата за вентилација“ – нагласуваат на веб страницата на компанијата.
Нивната главна цел со години останува непроменета, а тоа е да произведуваат висококвалитетни системи за размена на топлина и други уреди, кои се во согласност со меѓународните и европските стандарди за квалитет.
Освен тоа, важно е тоа што нивните производи се проследени со квалитетни софтверски решенија кои што се карактеризираат со висока точност и доверливост, со што овозможуваат поголема енергетска ефикасност и намалување на трошоците.
Ова се само некои од причините заради коишто ЕРИ ЦОРПОРАТИОН со години наназад придонесува нејзините производи произведени во битолската фабрика да бидат дел од голем број станбени и индустриски капацитети во светот и во Европа.
Eurovent сертификатот на компанијата е доказ за квалитетот, енергетската ефикасност и соодветноста на производите со сите европски и меѓународни легислативи и барања.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт