Среда, 22 Јули 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕВН Македонија - Компанија која вложува во иднината и животната средина

Едукации за заштеда на енергија, но и инвестиции во обновливи извори на енергија и проекти за заштита на животната средина. Како ЕВН Македонија е лидер во добрите практики за одговорност?
ЕВН Македонија - Компанија која вложува во иднината и животната средина

Освен што со години наназад ЕВН Македонија е синоним за квалитетно снабдување со струја, компанијата исто така е пример и за општествена одговорност. Како една од најдобрите македонски компании таа со години наназад докажува дека големиот успех со себе носи и голема одговорност.

Доказ за тоа се големиот број награди и признанија што ги добила компанијата, но и големиот број проекти и настани.

Едукацијата за енергетската ефикасност започнува од најмладите

Во период од околу 10 години ЕВН спроведува програма за едукација на најмладите за потеклото, значењето и правилното и безбедно користење на електричната енергија.

Преку едукативните работилници, интерактивните методи за настава и соодветни надгледни средства, децата од голем број македонски училишта имаа можност да научат нешто повеќе за изворите и видовите енергија што се користат во домовите.

Исто така, посебен акцент беше ставен и врз безбедното и разумно користење на енергијата.

Во училишниот проект во текот на десетте години од постоењето опфатени беа околу 40.000 деца од 352 училишта, формирани беа 65 клубови во 42 општини.

Освен што инвестира во едукација на најмладите, ЕВН Македонија спроведе и платформа за енергетска ефикасност, која подеднакво требаше да ја поткрене свеста и кај возрасните.

Платформата вклучуваше серија едукативни активности за корисниците за зголемување на примената на енергетската ефикасност во нивните домови и бизниси.

Освен големиот број семинари, работилници, настани и едукативни објави преку социјалните медиуми, компанијата креираше и две едукативни емисии насловени „Енергетска азбука“ и „Енергетска математика“.

Последниот индивидуален мултимедијален едукативен проект што ЕВН го спроведе, беше кампањата „Енергијата вреди – треба да се штеди“.

Изложбен центар „Матка“

Освен преку работилници и мултимедијални кампањи, ЕВН Македонија се обиде да ја поткрене свеста кај граѓаните за вредноста на електричната енергија и преку изложбениот центар „Матка“, којшто е единствен од ваков вид во нашата држава.

Посетителите преку современи интерактивни реквизити и методи можат да научат повеќе за енергијата, нејзината историја, производство, преносот и користењето.

Грижа за животната средина

Енергетската криза од 2022 година беше мошне освестувачка, како за граѓаните кои ги трпеа последиците преку зголемени цени на енергијата, така и за компаниите од енергетскиот сектор кои се соочуваа со загуби и проблеми во работењето.

Инвестицијата во обновливите извори на енергија беше нешто што Македонија требаше да го спроведе што е можно поскоро за да успее да ги ублажи, но и да се справи со ефектите предизвикани од увозната зависност, во свет во кој политичките и економските прилики почнаа турбулентно да се менуваат.

Но, јасно е дека искористувањето на природата и вложувањето во нејзината безбедност и заштита се две работи што одат рака под рака и се нераздвојни.

„Раководејќи се од нашата трајна определба за ублажување на ефектите од работењето врз животната средина, секогаш се трудиме да бидеме поефикасни и да обезбедиме постојано подобрување во областите: заштита на биодиверзитет, употребата на вода и енергија, управување со отпад, управување со опрема која содржи полихлорирани бифенили (ПХБ), управување со отпадна електрична и електронска опрема, заштита на почва, вода и подземни води, намалување на емисиите на гасови во воздухот. Посветеностa за заштита на животната средина како етичка вредност подразбира одговорно работење и преземање на сите чекори и мерки кои значат заштита на животната средина и одржливиот развој“ – нагласуваат од ЕВН.

ЕВН Македонија има развиени програми за секој од споменатите сегменти, а повеќе детали за работењето на компанијата во оваа област се достапни и секогаш може да се прочитаат на нивната веб страница.

ЕВН останува најголем снабдувач со електрична енергија во Македонија

По енергетската криза со којашто се соочуваше државата претходната година, предизвикана од преголемата увозна зависност и надворешните влијанија, 2023 година означи пресврт во работењето на компаниите во енергетскиот сектор.

Таа 2023 година ЕВН ја заврши со вкупен приход од 5.239.035.750 денари.

Компанијата забележа раст на приходите од 34,53 отсто, што значеше голем успех, ако се земе предвид дека претходната 2022, ЕВН бележеше намалување на приходот од 85,86 отсто.

Дополнително, растот на добивката пред оданочување во 2023 година бил за 564,93 отсто.

Во поглед на рангирањето во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, компанијата забележа скок од 19. места на листата на најуспешните и скок од 55. места на листата на најголемите компании.

За потсетување, турбулентната 2022 година, ЕВН ја заврши на 72. место на листата на најголемите и на 59. место на листата на најуспешните компании. 

Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид одамна не е само домашен фармацевтски лидер. Анализа на извозната стратегија, инвестициите и меѓународната експанзија на една од најголемите македонски компании.
ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

Финансиска анализа на ЕМША ШПЕД ДООЕЛ Неготино за периодот 2020–2024 година: приходи, добивка, оперативна ефикасност и позицијата на компанијата во секторот за меѓународен транспорт.
ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

Анализа на финансиските резултати на ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип за периодот 2020–2024: раст на приходите, добивката, бројот на вработени и позицијата меѓу најголемите компании во Македонија.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт