ЕВН Македонија со години наназад е синоним за стабилна достава на електрична енергија во нашите домови и компаниите.
Доволно е само неколку часа да имаме прекин во снабдувањето со струја за да станеме свесни во колкава мера нашиот живот и нашите навики зависат од квалитетната услуга што со години наназад ЕВН Македонија, преку својата компанија ЕВН Хоум, како универзален снабдувач со електрична енергија ни ја овозможува.
Сосема оправдано, со години наназад ЕВН Македонија е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

Ако 2022 година донесе низа турбуленции и криза во енергетскиот сектор во Македонија, следната 2023 година донесе стабилизација на пазарот и придвижување на компаниите од енергетскиот пазар во нагорна линија.
Благодарение на клучните и капитални инвестиции во енерегетскиот сектор, односно во инвестициите во обновливи извори на енергија, Македонија за првпат таа година, речиси целосно успеа да ги обезбеди сопствениите потреби за електрична енергија и увозната зависност да ја сведе на минимум.
ЕВН Македонија во 2023 година оствари вкупен со вкупен приход од 5.239.035.750 денари.
Компанијата забележа раст на приходите од 34,53 отсто, што значеше голем успех, ако се земе предвид дека претходната 2022, ЕВН бележеше намалување на приходот од 85,86 отсто.
Дополнително, растот на добивката пред оданочување во 2023 година беше за 564,93 отсто.
Во поглед на рангирањето, компанијата забележа скок од 19. места на листата на најуспешните и скок од 55. места на листата на најголемите компании.
Во 2023 година компанијата е рангирана на 53. место на листата на најголеми и на 4. место на најуспешни компании во земјата, за разлика од претходната година кога се најде на 72. место на листата на најголемите и на 59. место на листата на најуспешните компании.
Освен што е синоним за квалитетни услуги во областа на снабдувањето сос труја, ЕВН е неразделен дел од македонското општество и активно се залага за економскиот, социјалниот и еколошкиот напредок на земјата.
Доказ за тоа се големиот број проекти и настани низ годините, но и големиот број признанија и награди за Општествена одговорност што компанијата ги добивала.

ЕВН Македонија сите свои активности ги втемелува врз принципите на општествена одговорност и се стреми за подобрување на квалитетот на животот.
Овие напори на компанијата може да се групираат во четири клучни области: корисници, вработени, животна средина и општество.
Компанијата, во 2023 година имала просечно околу 218 вработени лица, а со години наназад ЕВН е синоним за добар однос кон вработените и за вложување во нивната безбедност.
Ова особено е важно, ако се земе предвид дека компанијата во голем дел се соочува со специфична дејност која вклучува и голем ризик.
Во насока на подобрување на условите за вработените ЕВН Македонија инвестира во современ тренинг центар кој што зафаќа површиба од 2.500m2 надворешен простор и 550m2 внатрешен простор во Македонски Брод.
Токму тука, вработените во компанијата се обучуваат и се подготвуваат за сите предизвици со коишто може да се соочат во иднина во нивното секојдневно работење.
Освен тоа, ЕВН еднаш во годината ги отвора вратите за децата на своите вработени. Во рамки на проектот „Со децата на работа“по околу 200 деца, секоја година имаат можност да поминат 8 часа во работните простории на родителите, да учествуваат на едукативни работилници, да прават експерименти, да се дружат и забавуваат. Децата имаат можност да го посетат и изложбениот центар „Матка“.

Програмата „ЕВН Волонтира“, која почна летото во 2017 година, предвидува мобилизирање на вработените од компанијата во реализација на проекти за унапредување на квалитетот на животот во локалните заедници.
Целта на програмата е двослојна – поттикнување на волонтерството во државата и волонтерскиот дух кај вработените, но и придонес кон општеството.

Исто така, компанијата е потписник на Принципите за јакнење на жените, глобална иницијатива на ОН Жени и Глобалниот договор на ОН за унапредување на родовата еднаквост и јакнењето на жените на работното место, пазарот и во заедницата, а исто така развиен е и Кодекс на однесување во компанијата кој ги дефинира и сумира принципите и насоките кои се основа на одговорно однесување за луѓето со интегритет.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт