Недела, 01 Јуни 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Елхам Даути - Нашата стратегија е флексибилен и коректен пристап кон клиентите.

Прочитајте го целото интервју со Елхам Даути, Менаџер за продажба во Даути-Комерц.
1.  Вашата компанија е една од оние со долга традиција. Раскажете ни нешто повеќе, што е она што го одржа Даути на врвот во текот на овие 30 години?
Елхам Даути:  Компанијата Даути-Комерц, со 30 години искуство, стана регионален лидер во областа на дистрибуција на стока за широка потрошувачка. Ниe ги следиме развојот, трендовите и иновациите на пазарите во светот и ги имплементираме тие професионални стандарди и децидно ги почитуваме во нашето секојдневие на работа. Ова подобро го знаат нашите партнери и соработници, а досега се покажа како успешна формула за нашата компанија. Нашето мото е: Традиција, Доверба и Безбедност. 

2.  Раскажете ни за најголемите предизвици со кои сте се сретнале во овие 30тина години откако постои Даути Комерц?
Елхам Даути: Во Даути-Комерц самото секојдневие претставува предизвик. Во овие 30 години сме поминале многу предизвици, меѓутоа со најдобриот тим на менаџери успеавме да одговориме позитивно и успешно на сите нив. Секоја деценија си носи свој предизвик, уште откако е основана компанијата во 90тите години. Бидејќи трговијата и движењето на стоката се слободни, фокусот ни е цело време насочен кон следење на пазарот и тоа е нашиот предизвик. 

3.  Во 2022 година сеуште се чувствуваше Ковид кризата. Колку беше големо влијанието на оваа медицинска и економска криза за вас со оглед на тоа дека имавте зголемување на вкупните приходи? Дали беше потребно превземање на драстични мерки за да се справите со неа?
Елхам Даути: Дури и тоа време беше ново искуство, како да се снајдеме во време на криза, кога се беше затворено. За среќа, таа ситуација беше надмината. Ние сме голема компанија, што значи дека имавме резерви на прехранбени производи. Тешкотиите беа претставени во делот на прометот на стоки, бидејќи имаше ограничувања и имаше директно влијание и предизвика криза во меѓународниот транспорт. Враќањето во нормала беше одбележано со пораст на општите потрошувачки цени, како резултат на недостигот.

4.  Имате многу познати брендови со кои работите. На кој начин се одвива работата, какви техники користите за потребите на разните типови на производи кои ги дистрибуирате?
Елхам Даути: Ние како компанија сме специјализирани за дистрибуција на стока за широка потрошувачка. Продажба на роба од увозните и домашни брендови за кои компанијата е дистрибутер во земјата. Опфаќа ланци на маркети, локални дистрибутери и големи потрошувачи. А дистрибуцијата се одвива преку специјализирани комерцијални  Дивизии  и тоа: Дивизија Milk & Meat,  Дивизија Food & Drinks,  Дивизија Hygienе & Cosmetic, МикроДистрибуција, Coffеe Shop и Fruit & Vegetable. 



5.  Еден од новите проекти на кои работите е и извозниот Центар. Кога се очекува тој да биде готов, за колкав капацитет на стока е планиран? Колкав удел се очекува да има во целокупното делување на компанијата?
Елхам Даути: Просторот на Извозниот Центар ќе биде со површина од 30 илјади метри квадратни и ќе има капацитет од 50 илјади тони стока и ќе биде според современите трендови. Компанијата континуирано реализира капитални инвестиции во зголемување на логистичките капацитети. Центарот е наметнат како потреба за развој на компанијата, која е насочена кон извоз на локални производи на европските пазари и ќе биде двигател на бизнисот во земјава. Ние го трансформираме начинот на трговија во понапредна форма. Домашните производители сами немаат моќ да бидат на пазарите во ЕУ и САД но ние сме специјализирани во дистрибутивниот дел и ќе создаваме нови можности. 

6.  Како Даути Комерц ја надминува конкуренцијата на пазарот, со какви стратегии се служите?
Елхам Даути: Даути Комерц се покажа како респектабилна компанија со своите локални, регионални и меѓународни партнери. Компанијата  гради принципи на доверба, лојалност и истрајност, и само на тој начин ги остварува своите планови за развој. Нашата стратегија е флексибилен и коректен пристап кон клиентите. 

7.  Дали имате во моментов некои новости или планови за идниот период, што да очекуваме од Даути Комерц во блиска иднина?
Елхам Даути: Нашиот главен фокус ќе биде извозот на роба кон ЕУ од домашни производители и од производители од регионот.  Извезуваме  во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Франција, Италија, Германија, а ги истражуваме и можностите за пласман на Блискиот Исток и САД. Дополнително, последниот период сериозно сме фокусирани и во учеството на меѓународни тендери и тендери на НАТО.

8.  Како се одвиваа последниве години од извозната ориентираност на Даути од финансиски аспект? 
Елхам Даути: Во 2021 година Даути-Комерц на основа на извозни документи има остварено промет 700.000 евра, а за истиот период во 2022 година има 2.000.000 евра, а 2023 до септември имаше реализација од 3.500.000 евра. За тој позитивен тренд придонесоа многу фактори и покрај комерцијалните активности, дел од тоа се и придобивките од олеснување на тарифните и нетарифните бариери. Извозната ориентација има нови предизвици, но има сериозна перспектива.

Елхам Даути, Менаџер за продажба во Даути-Комерц

Актива: Градење на иднината со визија, мисија и социјална одговорност

Со визија што инспирира, мисија што носи резултати и вредности што градат доверба, Актива ја креира иднината на индустриското градење и производство.

Даути Комерц: Профил на Компанијата

Од скромен почеток до регионален лидер – Даути-Комерц е приказна за визија, истрајност и успех што се протега низ Балканот и пошироко.

Вкусот на дома: Запознајте ги производите на Пекабеско

Што ако ви кажеме дека вкусот на вашето детство, неделните ручеци и мирисот на домашната кујна сè уште постојат – само спакувани од Пекабеско?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт