Првото јавно претпријатие меѓу овие пет беше ЈП за државни патишта со остварен вкупен приход од 13,1 милијарди денари кое се рангираше на 12тото место на листата на најголеми. ЈП за државни патишта е исто така и единственото јавно претпријатие кое се рангираше меѓу најуспешните компании и тоа на 2ро место со остварена добивка пред оданочување од 3,7 милијарди денари. Ова се впечатливи бројки за компанијата бидејќи означуваат голем раст во однос на 2021 година и тоа 44,75% пораст на вкупниот приход и 148,03% на добивката пред оданочување.
Следна е ЈП Национални шуми која со вкупен приход од 1,7 милијарди денари се рангираше на 165тото место на листата на најголеми. Зголемувањето во однос на 2021 беше дури 1096%. Сепак, нејзината добивка беше значително пониска, во износ од 50,6 милиони денари и компанијата не е дел од 200те најуспешни.

На трето место се најде ЈСП Скопје со вкупен приход од 1,7 милијарди денари, рангирана како 170та најголема компанија. ЈСП Скопје има и највисок раст на вкупните приходи и тоа 1216% во однос на 2021 година.
Потоа следи ЈП Водовод и канализација, рангирана на 179то место на листата на најголеми компании, со остварен вкупен приход од 1,64 милијарди денари. Добивката пред оданочување на ЈП Водовод и канализација изнесуваше 6,9 милиони денари.
Последната компанија беше ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со вкупен приход од 1,62 милијарди денари, рангирана на 185тото место на листата на најголеми.
Во поглед на бројот на вработени, првото место го зазема ЈП Национални шуми со 1921 вработен. Потоа е ЈСП Скопје со 1265 вработени, ЈП Водовод и канализација со 1202 вработени, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со 806 вработени и на крај е ЈП за државни патишта со 356 вработени.
Повеќе податоци за најголемите и најуспешните компании може да најдете тука.
14-04-2026
14-04-2026
05-04-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт