Понеделник, 13 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

КАМ Маркет со над 600 приватни трговски марки во својот асортиман

КАМ Маркет е најголемиот национален хард-дисконт на просторите на Македонија, а од 2016 година својот бизнис го прошири и во соседните земји Косово и Бугарија.

За прв пат својата врата ја отвори во 1999та година, а денеска КАМ брои мрежа од 80 маркети ширум Македонија, 27 во Косово и 27 во Бугарија. Главната филозофија на компанијата е продажба на принципот на хард-дисконт како би се формирале најдобри цени за потрошувачите со обезбедување на висок квалитет на своите производи. 

Асортиманот на КАМ е внимателно избран и се состои од повеќе од 1700 артикли меѓу кои има и производи од сопствени трговски марки. Палетата на КАМ има над 600 приватни трговски марки, кои се добро познати за пазарот, а се карактеристични само за маркетите на КАМ. Некои од нив се: Lalin, Alpiko, Rolleti, Bella Farm, Solis, Le Bon, Gusto, Milord, Sunny, Saluti, Fiesta, Kamkо и други, а можат да се најдат единствено во маркетите на КАМ.


Производите од секој од овие брендови поминуваат најпрво низ висок степен на контрола на квалитетот па дури потоа се пуштаат во широка потрошувачка, а исто така доаѓаат и од проверено потекло. 

Во овие брендови КАМ Маркет има опфатено повеќе разни производи наменети за секој аспект од домашната потрошувачка. Грицки, јатки, млеко и млечни производи, вино, алкохолни и безалкохолни пијалаци, чоколади, слатки, риба, средства за хигиена и чистење, сите се дел од рафтовите на КАМ каде исто така може да се најде свежо овошје и зеленчук, а од пред неколку години почна да функционира и пекарата која секојдневно нуди свеж леб и печива. 

Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, повеќе податоци за работењето на КАМ во изминатите години прочитајте тука


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт