Петок, 20 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Како прилепскиот мермер трајно ја зголемува вредноста на имотот?

Вложувањето во мермер трајно ја зголемува вредноста на вашиот имот, а прилепскиот мермер надалеку е прочуен по својата снежно бела боја, но и по издржливоста и трајноста.

Мермерот не е само природен камен со убав изглед, којшто е симбол за луксуз и безвременска убавина, тоа е материјал кој што може значајно да ја зголеми вредноста на комерцијалните и станбените градби, што го прави важна и безбедна инвестиција во иднината.

Денес мермерот се користи како во екстериерното, така и во интериерното уредување, а трговската марка SIVEC® на АД Мермерен Комбинат од Прилеп е надалеку прочуена како по снежно белата боја, со речиси невидливи сиви линии, така и по квалитетот и издржливоста.

Доказ за тоа се големиот број градби во светот коишто се изградени токму со прилепскиот мермер, како Големата џамија на на Шеик Заед во Абу Даби, Белиот Град во Ашгабат, Туркменистан, зградата на Државниот Парламент на Узбекистан, Кулата Сама (Sama Tower) во Абу Даби, хотелот Шератон во Португалија...

Мермерен Комбинат како една од најуспешните македонски компании

Освен за блескаво бел изглед на фасадите, прилепскиот мермер се користи и за подови, во бањи и во кујни, па често е прв избор и за поединците кои на својот дом сакаат да му дадат елегантен изглед, со престижна нота, блескава белина и безвременска убавина.

Благодарение на ова Мермерен Комбинат АД Прилеп е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ од самите почетоци на проектот, а во 2023 година повторно реализира раст на профитот и успеа да го подобри својот пласман на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Компанијата се најде на 159. место на ранг листата на најголемите македонски компании, а на ранг листата на најуспешни компании (според добивката пред оданочување) успеа да се искачи две позиции погоре во однос на претходната година, и се најде на 17. место.

Во 2023 година, АД Мермерен Комбинат Прилеп, остварил вкупен приход од 1.830.707.668 денари и добивка пред оданочување од 917.543.694 денари.

Зошто вреди да инвестирате во бел мермер?

Постојат повеќе причини зошто вреди да се инвестира во мермерни површини кога инвестирате во нови градби, а првата и можеби најочигледна, е естетскиот изглед.

Мермерот, воопшто, а особено прилепскиот мермер, со векови се сметал за синоним за луксуз, престиж и квалитет.

Веднаш штом ќе забележите подови од мермер, скали или ѕидови обложени со мермерни плочки, тоа ве асоцира на луксузен имот, заради што неговата цена се зголемува и се скратува времето за продажба.

Со други зборови, благодарение на мермерните површини многу лесно може да ја зголемите идната вредност на вашата инвестиција во дом или комерцијален простор.

Прилепскиот мермер бил прв избор за изградбата на Големата Џамија на Шеик Заед во Абу Даби, како и за реконструкцијата на Катедралата на Исус Спасителот во Москва – не само заради естетските причини, туку и заради големата издржливост.

Факт е дека уникатната гранулатна структура на прилепскиот мермер го прави поотпорен на надворешни абразии, но и поводоотпорен, заради што важи за поиздржлив од другите бели мермери.

Кога во изградбата на просторот ќе вметнете бел прилепски мермер, освен што ќе му дадете луксузен изглед на просторот, вие се осигурувате дека во иднина ги намалувате трошоците за реновирања и поправки.

Со други зборови, трошоците за одржување на објектот се намалуваат, што директно придонесува да се зголеми цената на имотот.

Освен што се користел за изградбата на верски објекти и споменици, прилепскиот мермер се користи и за изградба на комерцијални згради – молови, хотели, големи комерцијални згради.

Употребата на овој ресурс за чија екстракција и обработка е задолжен АД Мермерен Комбинат од Прилеп, помага инвеститорите во ваквите комерцијални објекти да го зајакнат имиџот на својот бренд, да привлечат премиум клиентела и секако, да ја зголемат вредноста на закупнината на просторот што го изнајмуваат.

Неколку главни поенти коишто може да се извлечат се дека:

  • мермерот е крупна инвестиција која во иднина може да ви обезбеди луксузен изглед на просторот што го градите,
  • трајност, односно квалитет на просторот, 
  • помага да стекнете поголема доверба кај купувачите и како, што нагласивме погоре,
  • на долги патеки помага да се намалат трошоците за одржување.

Од сето ова погоре кажано, станува јасно дека вложувањето во снежно белиот прилепски мермер не се прави само заради естетски, туку и заради практични, економски причини.

Заради ова, мермерот SIVEC, останува еден од најпознатите бели мермери во светот, а АД Мермерен Комбинат е компанија која што уштте долги години ќе остане важен економски фактор во нашата држава.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт