Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Киппер Маркет - најдобар квалитет за најповолна цена

Kipper е ланец на маркети во сегментот на хард попуст.
Киппер Маркет - најдобар квалитет за најповолна цена

Компанијата е основана во Април 2011 година на македонскиот пазар и досега покажува континуиран раст низ годините. Компанијата работи на поголем дел од територијата на Северна Македонија.

Главниот фокус на компанијата се нејзините купувачи, со најповолни цени достапни на пазарот, притоа задржувајќи го највисокиот квалитет во своите производи.

Седиштето на компанијата е во Желино, на 10 км од Тетово. Централниот магацин е исто така составен дел од дирекцијата.

Со цел да се постигне главниот фокус, да се испорача најдобар квалитет за најповолна цена на пазарот, Киппер имплементира функции во својата секојдневна оперативна рутина како:

Ефикасност во логистиката - cентрализираната дистрибуција е карактеристика што помага да се оптимизираат транспортните трошоци.
Управување со работна сила - Оваа карактеристика се заснова на организација и развој на вработените на пазарот во многу задачи, што резултира со зголемена ефикасност и оптимизација на односот меѓу вработените и пазарот.
Портфолио на производи - Kipper брои 1600 + Влез/Излез ставки на својата мрежа. Овој концепт одржува конзистентност во масовното снабдување што се рефлектира во помали трошоци за купување.
Маркетинг со ниски трошоци - Kipper има едноставен пристап кон маркетинг стратегијата. „Без дополнителни трошоци - нема влијание врз цената“. Ова значи дека Kipper не спроведува сложени маркетинг кампањи, брендирање, програми за лојалност или други маркетинг активности кои влијаат на цените.
Наши брендови - За да го заобиколи феноменот „добриот бренд е скап“ Kipper спроведува стратегија за производство на сопствени брендови, од причини што потрошувачите не мора да плаќаат за вредноста на познатите брендови. Поседува 16 вакви и повеќе од 130 артикли под капата на приватните етикети. Со оваа акција Киппер гарантира дека клиентите купуваат квалитетен производ по пониска цена.

Киппер маркетите се дел и од најголемите и најуспешните, аницниот раст може да го погледнете ТУКА.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт