Недела, 07 Декември 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кој сé се најде во 200те најголеми за 2020 година

Како што може да се забележи, нема големи промени во тоа кои компании ги заземаат првите 10 позиции во однос на претходната година.

2020та беше година одбележана од КОВИД-19 пандемијата и економската криза која таа ја предизвика. Сепак, со многу труд и внимателно работење компаниите успеаја да оддржат стабилно функционирање на нашата економија и да останат дел од најголемите и најуспешните на пазарот. Кои компании се најдоа помеѓу 200-те најголеми компании според остварен вкупен приход за 2020 година може да погледнете тука.

Како што може да се забележи, нема големи промени во тоа кои компании ги завземаат првите 10 позиции во однос на претходната година, освен напредокот на јавното претпријатие Државни патишта од Скопје. Меѓутоа, она што не може а да не се забележи е дека сепак вкупниот приход во 2020 година кај овие компании, кој изнесува  224.370.042.440,00 денари, е намален за 11.01% во однос на претходната 2019 кога вкупниот приход изнесувал  252.128.147.281,00, додека добивката пред оданочување кај истите компании е намалена за 6.01%. Вкупниот приход, пак, од 200те најголеми компании во 2020 изнесува 676.771.876.774 ден., во 2019 e 718.593.478.351 ден. и е намален за 5.82%.



Мулти Шпед: Раст преку зелена логистика, доверба и меѓународни партнерства

Мулти Шпед ја гради својата логистичка моќ преку доверливи испораки, зелени инвестиции и стратешка соработка со компании како Militzer & Münch. Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, компанијата потврдува лидерство и во 2025 година.

ТДР Скопје со стабилен раст и зголемена профитабилност во трговијата со тутун

Во 2023 година, ТДР Скопје оствари приход од 3,11 милијарди денари и добивка од 22,3 милиони денари, бележејќи раст на приходите од 9,69% и значително зголемување на профитабилноста од 54,96%.

РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС со рекорден раст и влез во топ 50 најголеми компании во Македонија

Во 2023 година, РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС оствари приходи од 5,95 милијарди денари и профит од 279,8 милиони денари, влегувајќи во топ 50 најголеми компании во Македонија со рекорден раст.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт