Сабота, 21 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кромберг и Шуберт: Гигант кој ја менува индустриската култура во Македонија

„Кромберг и Шуберт“ се најде на 6. место на ранг листата на најголемите компании. И понатаму останува еден од најголемите работодавци кој ја менува индустриската култура кај нас.

„Кромберг и Шуберт“ е дел од глобалната групација Kromberg & Schubert, чија специјалност е производството на кабелски снопови за автомобилската индустрија, а во Македонија има две свои фабрики: во Битола и Скопје.

„Кромберг и Шуберт“ Битола со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ и НАЈУСПЕШНИ.

Фабриката во битолската индустриска зона „Жабени“ го започна производствениот процес во 2012 година, а десет години подоцна, компанијата го прошири производството и во 2022 година ја отвори својата втора фабрика во индустриската зона „Илинден“ во Скопје.

Во своето постоење од околу 13 години во нашата земја, „Кромберг и Шуберт“ е еден од најголемите работодавци во Македонија, со што придонесува за развојот на македонската економија, но и помага да се намали стапката на невработеност во земјата.

Со години наназад нашиот кадар има можност да работи на проекти наменети за автомобилски гиганти како Mercedes, Audi, Volkswagen, BMW, Škoda итн.

Оперативните процеси на компанијата вклучуваат четири деловни единици во производството на кабли, On-board мрежи, пластична технологија и мехатроника.

Во 2013 година, кога компанијата станала дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, бројот на вработени изнесувал 620 лица, а 10 години подоцна, во 2023 година, „Кромберг и Шуберт“ значи сигурна егзистенција за 6.858 вработени, само во битолската фабрика.

Со години наназад, фабриката на овој германски гигант во Македонија е еден од најголемите работодавци во нашата земја, кој е препознатлив по тоа што води особена грижа за вработените во својата компанија.

Footerbild_Monta-KrombergAndSchubert

Практиката на LEAN технологија – главен рецепт за поголема успешност во работењето

Отворањето на странските инвестиции во Македонија во голема мера значеше промена на условите за вработените и подобрување на условите за вработените во индустријата.

Така и фабриката „Кромберг и Шуберт“ даде голем придонес за развојот на индустриската култура во нашата земја.

Компанијата се води од мотото „Нашите луѓе се нашата најјака страна“, а во своето работење ја практикува т.н. LEAN методологија на работење, која е позната по тоа што има голем број позитивини страни.

Станува збор за системски пристап на подобрување на процесот на работење и минимизирање на трошоците, а е изграден на два клучни принципи: постојан напредок и почит кон луѓето.

Оригинално, овој концепт бил развиен од „Toyota“ во средината на 20-иот век, а денес се применува во голем број индустрии и компании.

Во таа насока, во компанијата постојано се води сметка за намалување на непотребното трошење време и ресурси, додека целиот процес е сконцентриран на целосно задоволство на клиентите преку посветеност во креирање на висококвалитетни производи и фокусираност на вработените.

Ваквиот начин на работење е една од причините зошто фабриката на „Кромберг и Шуберт“ и понатаму останува едно од најатрактивните места за вработување кај нас.

Дополнително, ако на тоа се додадат условите за работа што ги нуди компанијата во вид на редовни примања (кои често беа проблем во минатото во македонските индустриски капацитети), можност за напредок, осигурување на полно работно време, платен превоз и платен топол оброк, редовни бонуси за редовност и ефикасност, исплата на регрес од годишен одмор – станува јасно колкаво значење имаат странските инвестиции од ваков тип за развојот и промените во македонската индустриска култура.

Со ваквите стандарди на работење германскиот гигант се наметна како атрактивна компанија за работа во нашата земја и придонесе за значително подобрување на економската состојба во земјата.

LeanTechnology

Зголемен раст на приходите во 2023 година

Имајќи предвид дека посветените вработени секогаш може да креираат подобри резултати, воопшто не е чудо што компанијата цела деценија наназад е дел од семејството на најголемите и најуспешните компании кај нас.

Во 2023 година, компанијата се најде на 6. место на ранг листата на најголемите компании кај нас, а на 49. место на ранг листата на најуспешните.

„Кромберг и Шуберт“ во 2023 година остварила вкупен приход во износ од 21.688.754.079 денари и добивка пред оданочување од 371.175.103 денари.

Процентуално, во однос на вкупните приходи компанијата остварила раст од 40,82% во споредба со претходната 2022 година, а растот на добивката пред оданочување е за 30,32%.

Со овие бројки компанијата уште еднаш покажа дека и понатаму останува една од најстабилните компании кај нас, која во голема мера придонесува за развојот на македонската економија – како преку директно вработување на лица, така и преку соработка со голем број други македонски компании.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт