Четврток, 13 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Квалитетен и одржлив енергетски систем за зелена Европа

Енергетската трансформација кон која се стремат сите земји во регионот на Југоисточна Европа понекогаш може да биде предизвик. Сепак, со паметни инвестиции, изградба, управување и одржување на енергетските системи, овие предизвици ги претвораме во можности.
Квалитетен и одржлив енергетски систем за зелена Европа

Интеренерго е меѓународна енергетска групација со седиште во Љубљана, која и покрај тоа што е релативно млада, е една од најголемите енергетски компании во регионот. Благодарение на квалификуваниот тим и долгогодишното искуство во областа на енергетиката, ние развиваме одржливи енергетски решенија и проекти повеќе од 15 години. Нашите главни активности вклучуваат тргување со електрична енергија, договори за набавка на електрична енергија (ППА), енергетски услуги и инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИЕ).


Со развивање на приспособени енергетски решенија и услуги, ние им помагаме на нашите партнери да ги постигнат нивните енергетски и еколошки цели, истовремено намалувајќи ги нивните ризици и трошоци. Нашите клиенти вклучуваат не само компании, туку и општини и јавни институции. Покрај другите пазари во Југоисточна Европа, активни сме и на Македонскиот пазар, каде изработивме проект  кој вклучуваше обновување на системот за јавно осветлување во општина Радовиш. Со замена на 3.390 застарени светилки, општината ќе добие речиси 16.000 MWh заштеда на енергија и 7.600 тони заштеда на CO2 во текот на договорениот период. 

Важен дел од нашите деловни операции вклучува изградба и управување со електрани од обновливи извори. При развивањето на овие проекти, ние се фокусираме првенствено на сончевата и ветерната енергија. Нашиот најнов инвестициски проект во Хрватска го покажува успешното искористување на синергијата помеѓу овие два обновливи извори. Проектот Јасенице, лоциран во внатрешноста на Задар, ги комбинира ветерниот парк и соларната централа Буковица. Во Репубика Северна Македонија дополнително, ги зголемивме нашите залагања за изградба на ветерениот парк од 30 MW.


Како компанија која комбинира техничка експертиза со сеопфатна визија за создавање и управување со зелени и ефикасни енергетски системи, ќе продолжиме да развиваме проекти кои ќе помогнат да се изгради еластичен и одржлив енергетски систем за зелена Европа.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт