Недела, 15 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Наградите на Македонски Телеком за најбрз интернет - доказ за квалитетот

Неколку години наназад АД Македонски Телеком ги добива наградите за најбрз мобилен интернет, најбрз фиксен интернет и за најбрза мрежа. Што всушност преставуваат наградите на Ookla?

Неколку години наназад во своите маркетинг кампањи АД Македонски Телеком гордо нагласува дека е добитник на наградите на Ookla во неколку категории, факт којшто покрај квалитетната услуга, иновациите и стабилноста, придонесуваат компанијата да биде лидер во телекомуникацискиот сектор кај нас.

Како компанија која е длабоко посветена на тоа да ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите, АД Македонски Телеком успеа во 2023 година да се позиционира на високото трето место на ранг листата на најуспешни компании кај нас.

АД Македонски Телеком во 2022 година ја пушти во употреба првата комерцијална 5G мрежа, чекор на кој што напорно работеше неколку години наназад.

OoklaFastestSpeedTestAward

Престижните награди – доказ за квалитетните услуги, поткрепен од реалните корисници

Спојот на иновациите, технологијата и носењето на светските трендови во телекомуникацискиот сектор, сами по себе придонесоа таа да се позиционира како најдоверлив партнер како за приватните корисници, така и за бизнис заедницата во новото глобално доба, каде брзата интернет конекција е неопходна за секојдневно функционирање.

А престижните награди што компанијата ги добива неколку години наназад се доказ за квалитетните услуги што ги нуди. Зошто?

За да одговориме на ова прашање, првично треба накратко да појасниме што се овие награди и кој ги доделува.

Имено, Ookla е компанијата којашто стои зад Speedtest.net, a повеќе години наназад доделува награди на провајдери на интернет услуги (фиксни и мобилни) кои нудат исклучително добри услуги за корисниците.

Овие награди се доделуваат и се засноваат врз реални тестови, направени од корисниците, односно од луѓето во целиот свет кои прават тестирања за брзината на интернет услугите на нивните уреди.

Со други зборови, во период од шест месеци, компанијата собира податоци од апликациите за мерење на брзината на интернетот (Speedtest) на различни платформи и уреди (мобилни телефони, десктоп компјутери), како и скенирања на мрежната покриеност.

Компанијата има сигурни механизми со коишто обезбедува најточно прибирање на податоци и рангирање на брзината.

Oваа награда е мошне важна и значајна затоа што се доделува од независна страна, врз основа на податоци за квалитетот.

Дополнително, тоа што податоците доаѓаат од реалните корисници, кои независно прават тестирања на брзината на интернетот што го добиваат од провајдерот, значи дека податоците се вистинско отсликување на реалноста, а не се резултат на лабароториски тестови и маркетинг стратегии.

И на крај, ваквите награди се можност за објективно да се направи одлука при изборот на интернет провајдер.

АД Македонски Телеком, неколку години по ред ја добива наградата за Најдобра мобилна мрежа и за Најбрза мобилна мрежа.

Дополнително, во 2023 година беше добитник на наградата за најголема покриеност, а во 2024 година ја доби наградата и за најбрза фиксна мрежа.

Ова е доказ дека компанијата, благодарение на иновациите со кои е предводник во телекомуникацискиот сектор, цврсто ја задржува лидерската позиција и останува убедливо најбрзата мрежа во Македонија.

MakedonskiTelekomNajgolema5GMreza

Квалитетните услуги – причина за континуираниот раст и развој на компанијата

Благодарение на сето ова бројот на корисници на АД Македонски Телеком од година во година се зголемува, а финансиските параметри укажуваат на континуиран раст.

Во 2023 година компанијата се најде на 14. место на ранг листата на најголемите македонски компании и на 3. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Со релативно мал број на вработени, околу 899, АД Македонски Телеком се покажа како мошне ефикасна компанија која успеа во 2023 година да оствари вкупен приход од 12.044.142.319 денари и добивка пред оданочување од 2.498.945.718 денари, или процентуално за 1,84% повеќе во споредба со претходната година.

Инаку, ако се погледне веб страницата на Ookla, АД Македонски Телеком и во 2025 година е добитник на наградите за:

  •         Најбрза фиксна мрежа со резултат од 47.01
  •         Најбрза мобилна мрежа со резултат од 76.80
  •         За најдобра мобилна мрежа со резултат за брзина од 81.92

Овие податоци се доказ дека компанијата и натаму останува посветена во својата примарна цел да ја предводи дигитализацијата во нашата земја и да обезбеди поголема покриеност.

Од друга страна, пак, позитивните резултати што АД Македонски Телеком ги постигнува како лидер и предводник на пазарот се поттик и причина повеќе конкурентните компании во земјата да обезбедат уште подобри услуги – што пак, придонесува за сеопфатен развој во телекомуникацискиот сектор кај нас.

АД Македонски Телеком е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ уште од самите почетоци на проектот.
Профилот на компанијата можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт