Компаниите кои се занимаваат со изградба на станбени и нестанбен згради секоја година не изостануваат од нашите листи, а може да се каже дека се и доста успешни.
На листата рангирани според вкупната добивка пред оданочување се најдоа 11 компании од подкатегоријата на изградба на станбени и нестанбени згради.
Од прикажаните податоци за овие компании забележуваме дека најголема вкупна добивка има остварено АДОРА ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ, со импресивни 430.404.406 денари. Истите забележале и раст од 144.89% во нивната добивка во споредба со минатата година.

Под нив на листата се наоѓа компанијата РАПИД БИЛД ДОО Куманово со добивка од 231.778.427 денари а на 3то место го зазема компанијата ГОЛДЕН АРТ ДОО Скопје која со една година пауза повторно успеа да се најде на листата на 200 најуспешни компании во Македонија. 4то и 5то место помеѓу најуспешнте компании им припадна на СИМ ИНЖИНЕРИНГ ДОО Струмица и НАСТЕЛ ДОО Скопје.
На листата на најуспешни градежни компании се најде и компанијта СТЕНТОН ГРАДБА ДООЕЛ, за која ова преставува 8ма година во низа како забележуваат свое место помеѓу најуспешните. Успеале да ја зголемат својата добивка пред оданочување, изразено преку раст од 7.29%. Како добивката, така и бројот на вработени во Стентон Градба се зголемува од година во година па така, бројот на вработени во 2021 изнесувал 132, додека во 2022 имало 154 просечен број на вработени.
Раст можеме да забележиме и кога ќе ја земеме дејноста на изградба на станбени и нестабени згради во целина. Имено, компаниите од оваа дејност во 2021 година оствариле вкупна добивка пред оданочување од 1.476.787.406 денари, додека пак за 2022 таа изнесувала 1.866.547.444 денари. Тоа процентуално преставува раст од 26.39%.
Ова се само дел од податоците, меѓутоа многу повеќе податоци и анализи може да се најдат на профилите на компаниите и во изданието 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
22-12-2025
22-12-2025
22-12-2025
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт