Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Најуспешните компании во Хрватска за 2022

Како сеопфатна едиција, 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ се труди да вклучи и официјални податоци и од некои од соседните држави. Па така, ги објавуваме најуспешните 50 компании од Хрватска за 2022 година.

Освен Хрватска, едицијата содржи и споредбени табели и за Словенија и тамошните компании. 

Како изгледаше листата на најуспешните компании на Хрватскиот пазар во 2022 година, споделуваме во текстот и табелата во продолжение.

Највисоката остварена добивка изнесуваше 397,9 милиони евра, остварена од страна на компанијата за производство на рафинирани производи, Ина ДД од Загреб. Оваа компанија се најде и на врвот на најголемите според вкупно остварен приход во износ од 4,7 милијарди евра. По неа следи ОМС-Управљање, исто така од Загреб, која се занимава со трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива. Нејзината добивка е значително помала од онаа на прворангираната компанија и изнесува 136,8 милиони евра односно 65,6% помалку од Ина ДД. 

Следна на листата, со не толку драстична разлика во остварена добивка, е Плива Хрватска ДОО чија главна дејност е производството на фармацевтски производи. Нејзината довивка изнесувала 121,9 милиони евра. Со 117,4 милиони евра остварен профит, Хрватски Телеком го завзема четвртото место на оваа ранг листа, а веднаш по него е фирмата за воден сообраќај Танкерска Пловидба со 106 милиони евра остварени како профит. 

Супер Спорт, компанијата за коцкање и обложување, е шестата најуспешна фирма на хрватскиот пазар и има остварени 95,8 милиони евра профит. Следат две компании од хотелската индустрија, а тоа се Валамар Ривиера од Буичи и Плава Лагуна од Пореч, со профит 89,2 и 77,2 милиони евра, последователно.

Деветтото место припадна на Енергија Пројект од Сењ со добивка од 74,7 милиони евра, а десеттото место го зазема добро познатата компанија за трговија на мало со храна и пијалаци, Лидл. Лидл има остварена добивка во износ од 64,4 милиони евра. 

Целосната листа на 50те најуспешни компании најдете ја во табелата подолу, а податоците за компаниите од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ може да ги дознаете тука



По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт