Понеделник, 21 Септември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Осигурителните компании во Македонија низ бројки

Осигурителниот сектор во Македонија го сочинуваат 16 осигурителни компании за животно и неживотно осигурување.
Осигурителните компании во Македонија низ бројки

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ги рангира осигурителните компании според остварената бруто полисирана премија и според добивката пред оданочување во 2022 година. Во овој прилог ги објавуваме одделно компаниите кои се занимаваат со животно и оние кои се занимаваат со неживотно осигурување. 

Во секторот на неживотно осигурување, убедливо најголема е компанијата Триглав АД со остварена бруто полисирана премија од 1,5 милијарди денари. По неа, на второ место е Уника АД со 25,23% помалку остварена премија во износ од 1,135 милијарди денари. Третото место и припаѓа на Еуролинк Осигурување АД со остварена 1,125 милиони денари премија, односно  0,85% помалку од Уника АД. Сава Осигурување е на 4тото место со премија од 1,073 милијарди денари, а на 5тото место е Македонија Осигурување со 981 милиони денари реализирана бруто премија. 

Компаниите за неживотно осигурување, вкупно имаат 10,5 милијарди денари бруто полисирана премија во 2022 година, а тука спаѓаат 11 компании. Бројот на луѓе кои работат во неживотниот осигурителен сектор е 1710 лица вкупно, од кои најголем дел, дури 242, се вработени во Сава Осигурување.

 

Воедно, Сава Осигурување го зазема и местото на најуспешна осигурителна компанија за 2022 година, со остварена добивка пред оданочување од 112,8 милиони денари. Потоа следат АД Осигурителна Полиса со 104,2 милиони денари, Еуролинк Осигурување со 97,4 милиони денари добивка, Евроинс Осигурување со 60,5 милиони денари и Триглав Осигурување како 5та најуспешна компанија со добивка од 47,7 милиони денари. 

Во поглед на компаниите за животно осигурување, каде што се вбројуваат 5 компании, најголемата е Кроациа Осигурување АД – живот со 719,7 милиони денари бруто полисирана премија. Второто место и припадна на Граве АД – живот, со премија од 504,3 милиони денари, додека третото го зазема Винер Лајф Иншуренс Груп АД со 399,7 милиони денари добивка. 

Листата на првите компании и според добивката изгледаше исто, па така, Кроациа Осигурување АД беше и најуспешна осигурителна компанија во делот за животно осигурување, со добивка од 101,4 милиони денари, Граве АД и тука го зазема второто место со 93,9 милиони денари добивка, а Винер Лајф Иншуренс Груп останува на третото место со 29,5 милиони денари добивка пред оданочување.

 

Компаниите за животно осигурување во 2022 година остварија вкупно 2,3 милијарди денари бруто полисирана премија, додека вкупниот износ на добивката пред оданочување изнесуваше 251,6 милиони денари. Во поглед на вработеност, 195 лица беа вработени во рамките на овие 5 компании во анализираната година. 


АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт