Недела, 17 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Пекабеско АД, 20 години успешно по патот на најдобрите

40 години постоење и 20 години меѓу најголемите и најуспешните, лидерот на македонскиот пазар во секторот на преработка и производство на месни производи, Пекабеско АД ги ниже успесите и поставува високи стандарди за квалитетно работење.

Компанијата е основана во 1972 година како претставништво во Скопје, а подоцна во 1991 година е целосно приватизирана и тоа меѓу првите компании кои во тоа време беа приватизирани во Македонија. 

За Пекабеско секоја година е посебна успешна приказна со многубројни иновации и инвестиции за потребите на зголемениот обем на работа. Уште од 2003 година, кога за прв пат беа рангирани компаниите во Македонија според вкупен приход и добивка пред оданочување, Пекабеско влезе на листата на најголемите рангирана како 56та компанија со вкупен приход од 894 милиони денари и оттогаш полека, но сигурно се искачува по патот на успехот. Од следната година е веќе дел и од најуспешните компании на 191 место со добивка пред оданочување од 14 милиони денари.


Во текот на овие 20 години, забележуваме позитивен, растечки тренд и тоа по двата критериуми, односно не само според добивката и приходот туку и според бројот на вработени лица во Пекабеско АД. 

2022 година компанијата ја заврши исто така мошне успешно со зголемување на приходите на 5,4 милијарди денари, односно за 10, 35% и добивката пред оданочување на 114,7 милиони денари, односно за 30,47% во однос на 2021 година.


Бројот на вработените, кој во 2003 година беше 154 лица, во 2022 година е зголемен на 459 лица, што претставува речиси 200% зголемување на работната сила на Пекабеско. 

Повеќе податоци од 20те години на Пекабеско во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, може да најдете на нивниот профил и на следниов линк.  


По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт