Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Пекабеско - македонски бренд кој незапирливо инвестира и се грижи за заедницата во услови на криза

Домашната компанија за производство на сувомеснати производи Пекабеско станува сè попрепознатлив македонски бренд амбасадор во странство.

Домашната компанија за производство на сувомеснати производи Пекабеско станува сè попрепознатлив македонски бренд амбасадор во странство. Во 2020 година Пекабеско се најде во топ 100 македонски извозници со остварени вкупни приходи од продажба во висина од 74,2 милиони евра од кои 9,6 милиони евра припаѓаат на остварени приходи од извоз и продажба на странски пазари. Пекабеско поседува низа стандарди и меѓународни сертификати кои постојано се ажурираат и надополнуваат и гарантираат строго контролиран процес на производство, логистика и дистрибуција, а исто така и континуирано инвестира во технолошко-производствени процеси и нови програми на производи со воведување на роботизација на производството, со вкупна инвестиција во висина од над 1,4 милиони евра.

Со новите програми на производи веќе трета година на македонскиот и на регионалните пазари милиони сладокусци можат да уживаат во вкусот на паштетите од брендот Пекабета – првите македонски премиум паштети.

Во Пекабеско грижата за вработените е приоритет број 1.

Постојаното инвестирање во своите вработени како најважни ресурси во компанијата влијае врз растечките успеси на компанијата од година во година. Во време на пандемија, Пекабеско обезбеди и 100 проценти од плата на сите вработени кои мораа да отсуствуваат од работа поради Ковид-19.

Постојано вложување во општествената одговорност

Со постојана поддршка на различни хуманитарни активности и граѓански иницијативи, Пекабеско дава пример и ја поттикнува хуманоста и солидарноста кај секој општествен чинител преку позитивните примери на одговорно работење и градење одржливи партнерства. Ваквите активности беа интензивирани за време на Ковид-19 пандемијата како силна поддршка за заедницата и секој човек.

Еколошки свесна компанија која се грижи за животната средина

Покрај континуираното вложување во еколошки транспортни средства и производствена опрема, минатата година Пекабеско за првпат активира нова линија за гас. Пекабеско се стекна и со сертификат за заштита на животната средина IASS Env.C 2021-2023 што е силна потврда за воведување меѓународно стандардизирани еколошки процедури. Компанијата до сега има вложено над 1 милион евра во опрема за еколошко производство и работа.

Профилот на Пекабеско погледнете го ТУКА


По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт