Од 2017 година, рудникот САСА е дел од интернационалната рударска компанија Централ Азија Металс.
Рудник има стабилно производство од 820.000 тони годишна количина добиена и транспортирана руда, притоа користејќи најсовремена опрема која одговара на највисоките бебзедносни стандарди. Во рудникот се произведуваат околу 35.000 тони олово и 43.000 тони цинк.
Исто така рудник САСА е првиот рудник во Република Северна Македонија кој има добиено А-интегрирана еколошка дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.
САСА ДООЕЛ е една од најуспешните компании во Македонија низ годините наназад.Така, во 2022 година повторно се најдоа помеѓу најусшените 5 компании (рангирани според добивката пред оданочување) и успеаа да го заземат 3то место.
Нивната добивка изнесувала 45,453,301 евра, што претставува раст од 13.6% во споредба со 2021 година.
Истовремено САСА е најголем работодавач во Источниот регион на Северна Македонија, а приоритет се дава на локалното вработување. Во рудникот се вработени околу 750 лица, од кои 88% се од локалната општина Македонска Каменица.
Работата и иднината на рудникот се темелат на коцептот за одржлив развој и нераскинливо се поврзани со животот и просперитетот на заедницата. Поддршката што ја обезбедува САСА на државно и општинско ниво директно придонесува за изградба на локалната инфраструктура во и околу Македонска Каменица. Дополнително, преку својата Фондација, Саса секоја година вложува повеќе од 200.000 долари во поддршка на локалната заедница во области како што се образованието, науката, заштита на животната средина, здравствена заштитиа и ранливите социјални групи.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт